Сиромаштијата и неинформираноста го зголемуваат загадувањето | Свет | DW | 05.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Сиромаштијата и неинформираноста го зголемуваат загадувањето

Загадениот воздух кој го дишат граѓаните на Србија е жешка тема во студените денови. Додека едните се грижат дали им е загрозено здравјето и купуваат маски, други уверуваат дека нема место за паника.

Ниш е град со лош стандард. И со лош воздух. Иако на прв поглед не изгледа така, овие две работи се многу поврзани. Тоа посебно го покажуваат зимските месеци во сезоната на греење кога се е сиво и тмурно- и улиците и граѓаните. Стари згради и фасади над кои се шири чад, валкан снег, влага во воздухот и луѓе со сериозен израз на лицата- така изгледа градот во зима. Поради таа сива и зачадена слика, сезоната на греење им служи како изговор на градските власти за тоа што Нишлиите дишат загаден воздух.
„И во Ниш и во другите поголеми градови во Србија загадениот воздух е последица на емисијата на полутанти од индустријата, сообраќајот, а особено во зимските месеци од индивидуалното греење. Поради тоа во зимските месеци имаме зголемена концентрација на ПМ10 честички во воздухот“, вели за ДВ секретарката на Секретаријатот за заштита на животната средина на градот Ниш, Ивана Крстиќ. Во ПМ10 честичките се наоѓаат тешки метали како олово, арсен, кадмиум и никел, но градските претставници уверуваат дека тие се во дозволените граници и дека нема зголемено присуство на тешки метали.

Нема потреба за паника?!
Според Крстиќ, надминувањето на дозволената концентрација на ПМ10 честички лани се случило „само 56 дена во годината“. „Нема потреба за паника“, вели таа.
Дали 56 денови во годината се навистина „само“, ако се има предвид дека тоа е една шестина од годината и дали градот прави нешто по тоа прашање? Одговорот од градските власти е дека се прави се што се може, а тоа е „пред се мерење кое е важно бидејќи тогаш знаеме каков воздух дишеме“.
Прашањето е: Дали е доволно мерење само заради мерење?

Luftverschmutzung Nis Serbien (DW/J. Djukic Pejic )

Пречекорувањето на горната граница на загадување во Ниш се случува „само“ 56 дена годишно, велат надлежните

Поради високите цени на греењето, во последните две години околу 2.500 станови се исклучија од градската топлана која работи на гас. Најголемиот број жители се греат на дрва- дури 50 проценти, додека околу 30 отсто се поврзани со Топланата. Само 1 отсто од Нишлиите се греат на гас, што е најеколошки начин, иако гасификацијата беше завршена уште во 2003 година. Една од причините е високата цена на приклучокот и опремата за што во старт се потребни околу 2.500 евра. Втората причина е неинформираноста на граѓаните дека греењето на гас е поефтино од греењето на палети, па дури и од греењето на дрва.

Влажното дрво за огрев- голем проблем

Инженерот по енергтика Горан Љубисављевиќ смета дека греењето на дрва е најголем загадувач во градот. Но, тоа не е единствениот проблем. „Треба да се нагласи дека влажните дрва се најголемиот проблем, што се однесува до загадувањето. Дрвата кои се користат за греење не смеат да имаат повеќе од 25 проценти влага и кога би се постигнало да се користат такви дрва, мислам дека загаденоста би се намалила за околу 30 проценти, бидејќи тие најмногу влијаат на појавата на смог“, Љубисављевиќ. Тој бара построги казни за оние кои продаваат неисправно и влажно дрво за огрев.

Граѓаните различно реагираат на проблемот со загадениот воздух. Додека едни не излегуваат од дома во текот на денот или купуваат хируршки маски, други воопшто не реагираат. Во Институтот за јавно здравје „Батут“, велат дека и Светската здравствена организација ги смета ПМ честичките за канцерогени, поврзувајќи ги пред се со ракот на дишните патишта. Долготрајната изложеност на тие честички, додаваат оттаму, може да доведе и до хронични респираторни заболувања, па дури и срцев или мозочен удар.
Но, Ниш не е единствениот град во Србија со загаден воздух. Тука се и Ваљево, Ужице, Белград, Краљево и Сремска Митровица. Според Агенцијата за заштита на животната средина, споредби со други држави не се можни затоа што не постои систем кој ги обединува анализаторите со слични перформанси.

DW.COM

Реклама