СЗО: Секој десетти жител на планетата е инфициран од Ковид-19 | Панорама | DW | 05.10.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

СЗО: Секој десетти жител на планетата е инфициран од Ковид-19

Светската здравствена организација предвидува тежок период поради пандемијата на коронавирусот. Проценките се дека досега со вирусот се заразиле речиси 10 проценти од светското население.

 

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека секој десетти жител на планетата се заразил со коронавирусот. Бројката е за над 20 пати поголема од бројот на досега потврдени случаи на зараза во светот, која во моментов изнесува 35 милиони луѓе.
„Нашата проценка ни вели дека 10% од светското население веројатно е заразено со вирусот“, изјави Мајк Рајан, директор на одделот за итни операции на СЗО.
„Бројката варира во зависност од земјата, варира од урбани до рурални предели, варира во зависност од групите. Но она што означува е дека огромно мнозинство од светското население и натаму е во опасност“, вели Рајан.
„Сега влегуваме во тежок период. Болеста продолжува да се шири“.
Рајан зборуваше пред извршниот борд на СЗО, каде уште рече дека растот на заразата е голем во југоисточна Азија, и дека заразата расте и во делови на Европа и регионот на источниот Медитеран.

Властите во Европа стравуваат од повторување на пролетните сцени кога имаше голем наплив во болниците, особено во земји како Италија и Шпанија. Веќе сега, во некои делови на Шпанија, болниците се соочуваа со наплив од пациенти заразени со вирусот.
Во Русија денеска беше забележан раст на бројот на новозаразени кој е многу блиску до рекордното ниво од мај годинава, но властите засега не сакаат одново да воведат карантински мерки.
Во моментов најголем број случаи на дневно ниво регистрира Индија. Таму во последните 24 часа беа евидентирани 75,829 случаи, а севкупно има 100,000 жртви од вирусот.

DW.COM

Реклама