СЗО: Рекорден број новозаболени од коронавирус за еден ден | Свет | DW | 22.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

СЗО: Рекорден број новозаболени од коронавирус за еден ден

Светската здравствена организација регистрира рекордно зголемување на бројот на новоинфицирани лица со коронавирус во светот. Билансот на починатите од коронавирус во Бразил надмина 50.000.

Вкупниот број на нови инфекции во еден ден, велат официјалните податоци, изнесува 183.020 случаи. Според  дневниот извештај на Светската здравствена организација за вчера, 21. јуни, во Северна и Јужна Америка се регистрирани најголем дел од новите инфекции- преку 116.000 случаи. Во целиот свет, објави СЗО, постојат преку 8,7 милиони лица кои се заболени од вирусот, а повеќе од 461.000 починале како последица од Ковид-19. Досега најголем број на дневно регистрирани случаи на новозаразени од избувнувањето на пандемијата имаше на 18 јуни – 181.232.

Повеќе:

Коронавирусот во Италија: По кризата следи прашањето - кој е виновен?

Клиниките во ЕУ се подготвуваат за втор бран на коронавирус

Комплицирана рехабилитација на тешко болните од Ковид-19

Бразил, втората земја во светот по САД која е најтешко погодена од пандемијата на коронавирус, официјално го премина прагот на 50.000 смртни случаи поврзани со Ковид-19, што претставува сериозен удар во ситуација кога земјата бележи повеќе од еден милион случаи на инфекција со коронавирус.
Во Бразил моментно има 1.085.038 потврдени случаи на заразени со коронавирус, што е за 49.976 повеќе од претходниот ден, соопшти Министерството за здравство. Експертите велат дека реалниот број е дури и поголем затоа што нема доволно тестирања.
Најголемата земја во Латинска Америка обично бележи 1.000 смртни случаи на ден, но бројките обично се помали за време на викендите. Бразил го забележа првиот случај на коронавирус на 26 февруари, а во петокот бројот на заразени надмина еден милион.

Реклама