СЗО не се откажува, но ќе се дознае ли некогаш потеклото на коронавирусот? | Свет | DW | 26.08.2021

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

СЗО не се откажува, но ќе се дознае ли некогаш потеклото на коронавирусот?

Кина блокира, американските тајни служби тапкаат во мрак. Група меѓународни научници бара поголем ангажман во потрагата по изворот на корона пандемијата.

На почетокот на годината, група од 17 независни експерти во Кина го истражуваше потеклото на корона пандемијата и по налог на СЗО отпатува во Вухан. 

11 од нив, меѓу кои и Фабијан Лендерц од Роберт Кох институтот во Берлин, во весникот „Нејчр” го критикуваше статусот кво.  

Според експертите, мора да се преземат брзо мерки, бидејќи тогашната задача од СЗО била замислена да биде само прв чекор во еден процес, кој научниците во текстот сега бараат да се продолжи во втората фаза.   

Рани траги тешко дека уште постојат 

Велат дека временскиот прозорец во кој може да се најдат првичните траги од вирусот кај луѓе и животни во Кина и на други места брзо се затвора. Антитела кои би можеле да дадат информации со тек на време кај заразените лица се губат, предупредуваат авторите. Сметаат дека најголема веројатност има сценариото на пренос од животно на човек преку посредник домаќин. 

Експерти сметаат дека е можно вирусот на човекот да се пренел на фарма за диви животни. Многу од нив сега се затворени, а животните погубени, се вели во текстот. На такви фарми според податоците на кинеските власти во 2016 работеле околу 14 милиони лица. 

Кина блокира...

Со месеци се спори околу потеклото на вирусот. Кина доаѓањето на експертскиот тим кој истражуваше во соработка со кинески научници прво со месеци го одолговлекуваше. Раководството во Пекинг и натаму не ги споделува со странски експерти податоците за 174 од првите заболени од тогаш новиот вирус. Странските научници препорачуваат да се спроведат дополнителни студии во Кина, но Пекинг одбива. 

China | WHO Experten in Wuhan

Човек од обезбедувањето пред Институтот за вирологија во Вухан - забранет пристап за новинари

САД и други земји критикуваат дека тезата за несреќен случај во лабораторија при кој вирусот бил испуштен во градот Вухан, под притисок на Кина била запоставена. Во текстот научниците нагласуваат дека не ја исклучуваат и таквата теза. „Јавно баравме информации кои ја поткрепуваат тезата за ненамерно испуштање од  лабораторија да се објават и достават до СЗО, но тоа не се случи”, пишуваат експертите. Американската влада наскоро сака да објави сопствени сознанија на темата. 

…и го возвраќа ударот

Амбасадорот на Кина во Женева, Чен Ксу, тезата за протекување од лабораторија повторно ја отфрли како „екстремно неверојатна”. Наместо тоа треба одредени  лаборатории во САД да бидат земени под лупа, наведува кинескиот амбасадор, без притоа да ја прецизира идејата. Координаторот за итна помош на СЗО, Мајк Рајан, иритиран од изјавите на амбасадорот Ксу, вели дека е контрадикција од една страна да се смета за неверојатна тезата дека вирусот несакано излегол од лабораторија, а од друга страна да се бараат испитувања на американски лаборатории. 
СЗО смета дека итно мора да бидат спроведени натамошни студии за потеклото на вирусот вели водечкиот експерт за коронавирус при организацијата, Марија ван Керкхове. „Време е да се напредне и да се поттикнат одредени процеси", заклучува таа и додава дека научниците во Кина ја информирале СЗО за натамошните истражувања, но дека детали и натаму нема.

China Untersuchung WHO Corona-Ausbruch in Wuhan

Експерти на СЗО во Вухан, на пазарот за животни, во јануари 2021

Американските тајни служби тапкаат во мрак

Јасен резултат не произлегува ниту од извештајот на тајните служби за потеклото на короната направен по налог на американскиот претседател Џо Бајден даден пред три месеци. „Вашингтон пост”, повикувајќи се на извештајот, пренесува дека не можело до крај да биде расчистено дали вирусот кој прв пат беше констатиран во Кина бил пренесен од животно на човек, или пак потекнува од лабораторија. 

Делови од засега тајниот извештај кој неделава беше претставен во Белата куќа, во следните денови би можеле да станат достапни за јавноста. Весникот се повикува на члениви на администрацијата кои биле во контакт со извештајот.

Тоа што нема јасен заклучок меѓу другото  се поврзува со недоволно информации од Кина, тврди весникот „Вол стрит џурнал”, кој цитира анонимен претставник на американската администрација: „Ако Кина не дозволи пристап до одредени податоци,  никогаш до крај нема да се расветли потеклото на вирусот”.

Повторно се разгорува дебатата за потеклото на вирусот

Пандемијата која до сега зеде повеќе од четири милиони жртви во светот, кон крајот на 2019 започна во кинескиот град Вухан. Брзо почнаа да се шират шпекулации дека вирусот се ослободил при несреќа во Институтот за вирологија во Вухан, каде меѓу другото се истражуваат и коронавируси. Кинеската влада енергично ги демантира таквите наводи. Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, беше голем поддржувач на таквата хипотеза. Критичарите пак забележуваа дека со тоа главно сака да го одвлече вниманието од сопствените пропусти во пандемијата. Но, во изминатите месеци дебатата за потеклото на вирусот повторно се разгоре. Кога Бајден го нарача сега веќе готовото истражување, рече дека различните тајни служби имаат различни ставови во однос на ова прашање.