СЗО: „Ковид-пасошите“ се ризични, нема доказ за имунитет | Свет | DW | 25.04.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

СЗО: „Ковид-пасошите“ се ризични, нема доказ за имунитет

Светската здравствена организација предупредува од издавање т.н. потврди за имунитет или еден вид здравствени пасоши за луѓето кои оздравеле по инфекција со коронавирус. Присуство на антитела не значи и постоење имунитет

Некои влади предлагаат веќе инфицираните граѓани со корона-антитела во крвта да добијат еден вид Ковид-пасош, за да можат на пример порано да се вратат на работно место. Но, според СЗО, претпоставката дека антителата во крвта значат имунитет против вирусот, уште не е доволно научно фундирана. „Во моментов не постојат никакви докази дека луѓето кои се опоравиле од Ковид-19 и имаат антитела, се заштитени од втора инфекција“, истакнува СЗО.

Во светот се во употреба различни тестови за докажување присуство на антитела, но нивната точност и доверливост мора и натаму да се проверува. Квалитативно фаличните тестови не можат да докажат антитела кај инфицирани луѓе. Кај луѓе, кои никогаш не биле инфицирани со новиот вирус САРС-КоВ-2, со фалични тестови може да биде погрешно детектирано постоење на антитела. Причината е што овие тестови веројатно реагираат на некои други коронавируси, кои се веќе одамна познати и предизвикуваат сосема нормална настинка.

СЗО поддржува развој на тестови кои ќе дадат увид во тоа колкав процент од населението кај себе веќе има произведено антитела против вирусот САРС-КоВ-2. „Но, најголем дел од овие тестови не се соодветни за да потврдат дали овие луѓе би биле имуни на повторна инфекција“, пишува СЗО. Организацијата предупредува луѓето чиј тест на коронавирус е позитивен, да не се убедени во постоење имунитет, што може да ги наведе на игнорирање на заштитните мерки, воведени речиси низ цел свет заради спречување на ширењето на коронавирусот. „Вакви потврди за стекнат имунитет само би го зголемиле ризикот од натамошни инфекции“, потенцира СЗО.

Реклама