СЗО загрижена од „експлозијата“ на корона-инфекции во Европа | Свет | DW | 05.11.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

СЗО загрижена од „експлозијата“ на корона-инфекции во Европа

Европа е во меѓувреме светски регион со најголем број регистрирани случаи на Ковид-19. Светската здравствена организација изрази загриженост од брзината на ширењето на пандемијата во Европа.

Светската здравствена организација со загриженост го следи масивното забрзување на ширењето на коронавирусот во Европа. „Доживуваме експлозија на бројот на нови инфекции на континентот", изјави денеска регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, во Копенхаген. Расте со зголемено темпо и бројот на смртни случаи.

Во Европа, според информациите добиени од здравствените власти, се официјално потврдени 11,6 милиони инфекции и 293.000 смртни случаи. Со ова континентот ја надмина Латинска Америка и Карибик со досегашните 11,4 милиони заразени и речиси 407.000 мртви.

Повеќе:

Корона: Унгарија воведува вонредна состојба и полициски час

Прогноза на германски виролог: Кога повторно ќе живееме нормално?

Меркел: Далеку е светлото на крајот на тунелот

Европа уште во март и април беше епицентар на пандемијата на коронавирус, а ситуацијата сега одново се влошува по подобрувањето во текот на летните месеци. Од октомври Европа е регион со најголем број регистрирани инфекции на дневно ниво, минатата недела просекот изнесува 277.000 случаи дневно, што е повеќе од половината од бројот на новоинфицирани во светот за период од 24 часа.

Состојбата бележи загрижувачка динамика, бројот на новозаболени минатата недела е за 20 проценти повисок од оној во седмицата претходно. Со 14.403 починати во минатата недела бројот од 21.500 од претходната седмица е надминат за 50 проценти.

Најголем број новоинфицирани во Европа во изминатата недела се пријавени во Франција (44.000), Италија (28.600), Велика Британија (22.400), Шпанија (21.100) и Полска (20.000).

И во Германија бројот на новоинфицирани достигнува постојани дневни рекорди, денеска Институтот Роберт Кох пријави речиси 20.000 инфекции во последните 24 часа.

 

Поврзана содржина

Реклама