СЗО: Драстичен пораст на смртни случаи од Ковид-19 | Свет | DW | 28.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

СЗО: Драстичен пораст на смртни случаи од Ковид-19

Бројот на починати од коронавирус, пријавени кај СЗО, за една недела пораснал за 21%, на 69.000.

Светската здравствена организација, врз основа на информации од владите, од 19 до 25 јули, регистрирала зголемен број смртни случаи - за 21%. Досега од последици или во врска со инфекција со коронавирус се починати четири милиони луѓе во светот. Експертите меѓутоа укажуваат и на фактот дека не се пријавуваат сите смртни случаи од болеста, но од друга страна и дека некои од починатите имале бројни хронични заболувања. 

Бројот на пријавени новоинфицирани минатата недела изнесува 3,8 милиони, осум проценти повеќе од претходната недела. Пораст и на нови инфекции и на смртност се бележи на Американскиот континент, но и во јужна Азија.

СЗО разгледувала и преку 90 студии за ефикасноста во пракса на дозволените од нејзина страна вакцини против коронавирус. Дозвола за примена по итна постапка досега од СЗО имаат добиено вакцините на АстраЗенека, Џонсон и Џонсон, Модерна, Бионтек/Фајзер, Синовак и Синофарм. Сликата не е целосна, од причина што преку 60 проценти од студиите потекнуваат од само три земји во кои најрано почнаа имунизирачките кампањи ( Израел, САД и Велика Британија) и во 71% се однесуваат само на АстраЗенека и Бионтек/Фајзер.

-повеќе: 

Германски експерт: Делта сојот е позаразен, но смртноста е помала

Перу - светски рекордер по смртност од Ковид-19

Коронавирус: Зошто се умира најмногу на Балкан и во централна Европа?

Но, во целина може да се каже: вакцините пружаат добра заштита од тежок тек на болеста, истакнуваат од СЗО. Ефикасноста кај вакцините на АстраЗенека,  Бионтек/Фајзер, Модерна и Синовак била преку 80 %. Освен тоа, вакцините на АстраЗенека и Бионтек/Фајзер значително го редуцираат ризикот од тежок вид на заболување при инфекција со Делта варијантата на коронавирусот. За останатите вакцини не постојат воопшто или пак нема доволен број студии. СЗО укажува на можноста извесен процент од вакцинираните луѓе да може да се зарази со коронавирус, но со дополнување – тоа е вообичаено и кај другите болести.

Повеќе студии покажале дека кај оние кои примиле најмалку една доза вакцина, инфицирањето на членовите во нивните домаќинства е редуцирано најмалку за 50 проценти, а уште посилно една до две недели по втората вакцина.