Се зголемува бројот на фалсификувани ковид-пасоши во Германија | Информации и анализи за Германија | DW | 15.01.2022
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Се зголемува бројот на фалсификувани ковид-пасоши во Германија

Сѐ поголем број невакцинирани лица се обидуваат да си обезбедат влез во ресторани и продавници со фалсификувани сертификати за вакцинација.

Властите во речиси сите германски покраини имаат регистрирано зголемување на бројот на фалсификувани сертификати за вакцинација. Анкета на агенцијата ЕПД, направена во министерствата, покраинските криминалистички служби и покраинските полиции, бројот на откриени фалсификати во текот на изминатата година бил рапидно зголемен.

На пример, во покраината Баварија, во октомври 2021 година биле откриени 340 случаи, а во декември повеќе од 1900! Во покраината Северна Рајна-Вестфалија бројот на откриени фалсификати исто така континуирано се зголемувал и во декември минатата година достигнал 1200.

Бројот на случаи варира многу од покраина до покраина и се движи од неколку десетини до повеќе илјади случаи во 2021-та. Вкупниот број на ниво на државата изнесува најмалку 20.000 откриени случаи. Кон тоа треба да се додадат и неоткриените фалсификати. Поради тоа, вистинските размери на фалсификувањето сертификати не може да се одредат сериозно, објаснува полицијата во Берлин.

Covid-19 Impfzertifikat

Бројот на фалсификувани сертификати се зголемува континуирано

Досега нема пресуди

Бундестагот во ноември, под притисок пред сѐ на покраинските министри за правда, со промена на законот утврди дека фалсификувањето на сертификатите за вакцинација е казниво исто како и фалсификување на други потврди за здравствената состојба. Меѓутоа, оттогаш не се донесени пресуди против фалсификатори. Во повеќе покраини се вели дека времето е прекратко за веќе да има донесени пресуди.

Фалсификуваните документи за вакцинација најмногу се откриваат во аптеките, каде се добиваат дигитални сертификати. Но, фалсификати пријавуваат и работодавачи, а случаи на измама со потврдите за вакцинација открива и полицијата и припадниците на службата за јавен ред при нивните контроли. Исто така, дел од фалсификаторите се откриени и од страна на лекари, или по укажување на фирми кои изработуваат печати.

- повеќе на темата: Јагма за лажни ковид сертификати - ниту затворските казни не ги плашат измамниците

Полицијата во четвртокот (13.03) спроведе рација кај пациенти на лекар во регионот Швабија. Направени се претреси на станови кај околу сто лица, а од некои е земена и крв. Според сомневањата, лекарот, кој последно работел во Вемдинг, на пациентите кои не сакале да се вакцинираат им издавал потврди за вакцинација, а на пациентите кои сакале да се вакцинираат, им создавал привид на вистинско вакцинирање.

Поврзана содржина