Секој месец нова облека! | Економија | DW | 03.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Секој месец нова облека!

Ресурсите се трошат, па мора да ги штедиме. Како придонес против претераниот конзум, во Хамбург е отворен еден вид „библиотека“ за облека, претплата од 49 евра месечно овозможува разновидност во плакарот и мирна совест.

За производство на една маица се потребни околу 2700 литри вода, гласат податоците од Германскиот сојуз за екологија и заштита на природната средина. Се користат ресурси кои во светот се сѐ поограничени. Притоа, постојат бројни можности за нивна заштита и за давање втор живот на производите. Бутикот Клајдерај во Хамбург на пример е еден вид „библиотека“ за облека. Муштериите редовно имаат нови алишта во шкафот, штедат пари и ја поштедуваат природната средина.

Шопинг со мирна совест - е идејата на Клајдерај (Kleiderei) во Хамбург, бутик за изнајмување облека по принцип на месечна претплата. Муштериите можат да купуваат или изнајмуваат нови работи, со што очигледно е погоден нервот на времето.

„Јас на пример позајмив мантил и здолниште, идејата многу ми се допаѓа“, вели една од муштериите.

„Важно е што човек не претерува со трошење, не се расфрла, супер пристап“, дополнува друга жена.

Всушност бутикот Клајдерај претставува интернет-понуда: корисниците можат да склучат договор за претплата и за 49 евра месечно на домашна адреса им се испраќаат четири нови парчиња облека, кои можат да ги користат четири недели. За основачките на Клајдерај, Текла Вилкенинг и Пола Фендел ова е повеќе отколку бизнис-идеја:

„Нашата голема, можеби кич, но сепак темелна визија, е дека потрошувачката мора, треба и може да се промени, а ние сакаме да бидеме предводници, и да дадеме наш придонес,“ вели Пола Фендел.

Моментно во оптек се околу 2.000 парчиња облека, набавени на пазарите за стари работи, добиени од пријатели или донесени од самите муштерии и подарени на бутикот, кому му го препуштаат изнајмувањето. Со сортирањето, пакувањето и испраќањето, како и со прифаќањето на вратените парчиња облека и евентуално нивна поправка се занимаваат петмина вработени.

На понуда не се само користени работи од втора рака, туку во бутикот се наоѓаат и дела на млади дизајнери. Клајдерај во Хамбург ќе биде присутен до почетокот на февруари. 

Гледај видео 01:20
Now live
01:20 минути

„Библиотека“ за облека

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама