1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северна Кореја призна-имаме атомско оружје

10 февруари 2005

Пјонгјанг официјално денеска првпат призна дека поседува атомско оружје и најави суспендирање на учеството во шестпартитните разговори за прекин на нејзината нуклеарна програма на неодредено време.

https://p.dw.com/p/AcHQ
Нуклеарка во Северна Кореја
Нуклеарка во Северна КорејаФотографија: AP

Атомското оружје служи за заштита од напад од САД,се вели во Декларацијата на Министерството за надворешни работи , објавена преку државната новинска агенција КЦНА.

Северна Кореја и натаму ќе го засилува својот атомски потенцијал на оружје за да ги одбрани својата идеологија и државниот систем.САД на земјата и се закануваат со нуклеарен напад,па така Пјонгјанг мора да преземе адекватни контрамерки,се вели во Декларацијата.

Најавата за прекин на учеството во разговорите на шесте држави кои треба да водат кон окончување на севернокорејската атомска програма,се образложува исто така како реакција на политиката на САД.Американскиот претседател Џорџ Буш како главна цел во својот втор мандат си има поставено по секоја цена да ја изолира Северна Кореја,смета Пјонгјанг.

Ние ги сакавме шестпартитните разговори ,но принудени сме да го откажеме своето учество во нив на неодредено време,се вели во Декларацијата.

Севернокорејската влада остро реагира и на најновите изјави на новата американска министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс ,која Северна Кореја ја означи за тврдина на тиранијата.Оваа изјава е само доказ за непријателската политика на Вашингтон кон Северна Кореја.Владата на Буш ја жигосува Демократска Република Кореја ,партнер во дијалогот,со што и го краде секое право на учество во преговорите,потенцира Пјонгјанг.

Во разговорите на шесте држави,САД,Русија,Јапонија,Кина,Јужна Кореја,имаа за цел да ја поттикнат Северна Кореја кон прекин на нејзината атомска програма.Спорот со Вашингтон околу неа трае од есента 2002 година.САД го обвинуваат Пјонгјанг дека работи на создавање атомско оружје.Кон крајот на јуни беше одржана третата и последна рунда од шестпартитните разговори без конкретен резултат.За во септември планираната четврта рунда Северна Кореја веќе ја откажа.Вчера јапонскиот премиер Јунихиро Коизуми најави дека ќе се потруди за обновување на преговорите.