Себастијан Курц и поразот на демократските вредности | Македонија | DW | 30.11.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Себастијан Курц и поразот на демократските вредности

Изјавите, како оние на Курц во Скопје, се поразителни за оние луѓе кои веруваат дека е можна демократија во нивната земја. Зидојче Цајтунг за кризата на демократиите на Балканот и улогата на ЕУ.

Дали во земјите од поранешна Југославија расте влијанието на Русија или пак опаѓа интересот на ЕУ, или можеби се случува и едното и другото во комбинација со растечка криза на тамошните демократии? Дилемите денеска ги поставува Зидојче Цајтунг, во едиторијалот со наслов „Во чекалницата на Западот“.

„Може да се зборува за растечко влијание на Русија на Балканот. Или пак може да се говори дека игрите на моќ во земјите од поранешна Југославија се симптом на една подлабока криза, која токму отвора простор за руското влијание.

Да постоеше Југославија, деновиве ќе се прославуваше Денот на Републиката. Но од некогаш големата Република денеска се останати само повеќе мали. Хрватска и Словенија успеаја да влезат во ЕУ, но Србија, БиХ, Косово, Македонија и Црна Гора заглавија во чекалницата. Точно е дека ЕУ во моментов е нерасположена за прием на нови членки. Но исто така е точно дека заостанувањето предизвикува еден опасен вакум на Балканот.

Зад етикетата на прозападно ориентирани реформатори се кријат династички ориентирани мажи кои на демократијата во сопствената земја и нанесуваат повеќе штета одошто корист. Александар Вучиќ во Белград, Милорад Додик во Република Српска, Никола Груевски во Скопје, Ѓукановиќ во Подгорица: сите овие политичари важеа или важат на Западот за сидра на стабилноста. Но таа стабилност ја цементираше моќта на едно малцинство. Расте невработеноста, стотици илјади млади луѓе го напуштаат Балканот, слободните медиуми се задушени, се помалку граѓани излегуваат на гласање, а оние кои се надеваат на промени се заплашуваат. Секогаш може да биде и полошо, барем нема војна. 

Mazedonien Sebastian Kurz bei einer Wahlkampfveranstaltung der regierenden VMRO DPMNE in Skopje

Себастијан Курц на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Овие влади се силни кога станува збор за наградување на сопствената мрежа (кругот околу нив, н.з.). Но лоши се кога се работи за заштита на сопствените граѓани“.

„(...) Да, мора да се внимава на руската пропаганда на Балканот. Но ЕУ исто така мора да се преиспита себеси и да внимава да не ги уништи надежите на граѓаните на поранешна Југославија.

Деновиве австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц застана зад говорницата на еден собир во Скопје. Беше поканет од партијата која владее во Македонија веќе десет години и која повеќе од една година, делумно ги игнорира, а делумно ги задушува масовните протести. Борците за човекови права и опозицијата ја обвинуваат (Владата, н.з.) за корупција, перење пари и фалсификување избори. Министерот Курц ја пофали владата дека ја поставила земјата на сигурен курс кон ЕУ, а притоа го овозможила и затворањето на балканската рута. За оние жители на Балканот кои веруваат дека демократијата е можна и во нивната земја, ваквите изјави се поразителни.

Русија на Балканот всушност го користи вакумот оставен од ЕУ“, заклучува „Зидојче Цајтунг“. 

Подарокот на Курц за ВМРО-ДПМНЕ

Idomeni Grenze Polizei Flüchtlinge

Курц го испорача подарокот за затворањето на границата, пишува Стандард

Што доби Скопје за да ја затвори бегалската рута? Ова прашање отворено го поставува австрискиот весник „Стандард“ во коментарот под наслов „Настапот на Курц во Македонија: задоцнета, лоша исплата“. 
„Многумина во изминатите месеци си го поставија ова прашање: 'Што доби македонската влада за затворањето на границата за бегалците?' Одговорот од Скопје досега секогаш беше: ништо. Од неделата сите сме попаметни: Наградата ја испорача лично министерот Себастијан Курц, кој дојде во Скопје за да ја поддржи националконзервативната ВМРО-ДПМНЕ во изборната кампања. 

Повеќето партии во Југоисточна Европа се клептократски здруженија кои на луѓето им делат работни места во замена за гласови и ги залажуваат со дози национализам. Но ВМРО-ДПМНЕ води на негативната ранг-листа: режимот во изминатите години стануваше се похрабар и поавторитарен, контролирајќи ги полицијата и судството и ги прислушкуваше граѓаните. 

Тоа што Курц поддржува една ваква партија, покажува дека поддршката за демократијата и владеењето на правото се многу долу на листата на приоритети. И секако тоа има и последици: ЕУ го губи својот кредибилитет“, коментира „Стандард“. 

DW.COM

Реклама