САД: Нема заострување на правилата за азил, засега | Свет | DW | 20.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

САД: Нема заострување на правилата за азил, засега

Кратко по изборите за Конгресот, американскиот претседател потпиша декрет за заострување на правилата за азил, кој требаше да важи во прв ред за мигрантите од Средна Америка на границата со Мексико. Сега дојде вето...

Судија во американската сојузна држава Калифорнија ја блокираше привремената мерка на администрацијата на претседателот Доналд Трамп со која на мигрантите кои нелегално влегле во САД им се скратува можноста да поднесат барање за азил.

Одлуката за суспендирање на оваа мерка ја донесе судијата Џон Тајгар од Сан Франциско. Со тоа и натаму останува во сила правилото дека барање на азил можат да поднесат и лица кои на илегален начин ја преминале американската граница.

Американскиот претседател одредбата за заострување на условите за поднесување барање за азил во САД ја потпиша во петокот со образложение дека со неа треба да се ограничи нелегалното доселување на луѓе од Централна Америка.

Повеќе:

-Трамп - сејач на омраза

-Трамп врши изборна кампања на границата со Мексико

-САД сакаат да испратат војници на границата со Мексико

Влијателната Американска унија за граѓанска слобода ја критикуваше оваа мерка на власта, тврдејќи дека според американските закони на одделни лица им е дозволено да бараат азил, без разлика дали стигнале во земјата преку граничен премин.

DW.COM

Реклама