Руската полиција со сила ги растера демонстрантите во Санкт Петерзбург | Свет | DW | 16.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Руската полиција со сила ги растера демонстрантите во Санкт Петерзбург

Руската полиција насилно ги растера демонстрантите на протестите против претседателот Владимир Путин. Во неделата во Санкт Петерзбург и во саботата во Москва илјадници противници на Путин излегоа на улица.

Од демонстрациите впо Санкт Петерзбург

Од демонстрациите впо Санкт Петерзбург

Демонстрантите на Пионир плоштадот во Санкт Петерзбург скандираа „Путин е непријател на народот.”

Околу 2.000 дисиденти на плоштадот бараа и поцивилизрана Русија, слобода на печатот и фер и слободни избори. Во декември се избира нов парламент, во март наредната година нов претседател. Но во Санкт Петерзбург голема улога играат и локалните теми, како на пример планираната изградаба на згдаратата на Гаспром. Поранешниот демократски пратеник на Думата во Санкт Петерзбур Сергеј Гуљаев кртикува што тоа би чинело 2, 5 милијарди долари а половината од оваа сума треба да ја плати градот. „ 1,35 милијарди долари ќе бидата дадени од буџетот на Санкт Петерзбург за станови на топ менаџери на најбогата фирма во Русија. За оние кои ја доживеаја блокадата на Ленинград нема да се градат станови.” критикува Гуљаев

Маршот на дисиднетите во Санкт Петерзбург и во Москва беше организиран од здружението на граѓанскиот фронт на поранешниот првак во шах Каспаров, Народно демократска унија како и Национал болшевистите.

Демонстрациите во Санкт Петерзбург во голема мера поминаа мирно, но на крајот полицијата употреби голема сила против учесниците. Ги блокираше улици така што минувачите еден по еден можеа да минуваат. Потоа дојде до судири меѓу двете страни. Полицијата ги тепаше демонстрантите и уапси околу 100 лица. Меѓу нив, за извесен период беа успасен и дописникот на Првата германска телевизија АРД од Москва Штефен Штуклик и колега на тимот.