Резултати од парламентарните избори во Франција | Вести | DW | 18.06.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Резултати од парламентарните избори во Франција

*

Конзервативната влада на францускиот премиер Франсоа Филон поднесе оставка по парламентраните избори.Претседателот Никола Саркози му даде повторен мандат за составување нова влада.Оваа постапка е традиција во Франција.

На парламентарните избори во Франција конзервативната владина партија Унија на народно движење освои апсолутно мнозинство во Собранието,иако претрпе загуби на гласови.Со резултатот претседателот Никола Саркози ја осигура моќта за спроведување на планираните реформи.Според тековните резултати,Унијата и нејзините сојузници ќе располагат со 345 од вкупно 577 места,со што конзервативниот табор има 14 пратеници помалку од досега. Опозиционите Социјалисти и нивните партнери напротив добија 58 мандати повеќе и сега во Парламентот се застапени со 207 места.