1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

Режимот на Груевски по секоја цена сака да ја задржи власта

Б. Георгиевски/дершпигел
21 април 2016

„Држава во распад“ е насловот на текстот во кој германскиот неделник Дер Шпигел ја анализира состојбата во Македонија. Проценката е дека Груевски нема да се откаже од власта.

https://p.dw.com/p/1IZUL

„Хулигани, убијци на нацијата, однадвор програмирани криминалци- така ги нарекуваат провладините медиуми. Тие сакаат Македонија да стане 'меѓународен протекторат', а контролирани и финансирани се од берзанскиот шпекулант Џорџ Сорос, а со тоа и 'соросоиди'.

Тие- тоа се десетици илјади гневни Македонци кои веќе една недела протестираат насекаде низ земјата против националистичко-авторитарните властодршци. „Протестирам“ гласи едноставното име на движењето. Неколкупати на протестите доаѓаше до големи судири. Јајца, камења и опожарена канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов.

Иванов го навлече бесот на граѓаните откако прогласи амнестија за 56 политичари и функционери против кои се водеше истрага за изборни измами и корупција.

(...) Ние сме земја во распад“, вели македонскиот публицист Сашо Орданоски. „Практично нема веќе легални институции, а нашата натамошна судбина зависи од меѓународната заедница“. Експертот за Балканот од берлинската Фондација за наука и политика, Душан Релјиќ смета дека државната криза во Македонија е 'безбедносен проблем за целата ЕУ, и дека како таков се препознава и во Брисел'. Доколку државата се распадне, тоа веројатно ќе има последици и врз бегалската криза и во моментов затворената граница кон Грција и состојбата во Идомени. Поради тоа што Македонија го спречува минувањето на бегалците кон Средна Европа, ЕУ го игногира лошото управување во земјата“.

Griechenland Flüchtlinge in Idomeni
ЕУ го игногира лошото управување во земјата поради бегалската криза. фото: Кампот во ИдомениФотографија: DW/S. Amri

Шпигел анализира дека Македонија практично се наоѓа во длабока политичка криза од парламентарните избори во 2014 година на кои победи поранешниот премиер Никола Груевски. „Македонскиот моќник владее со земјата од 2006 година и изгради авторитарно-националистички клиентелистички режим“. Ескалацијата се случи во февруари 2015 година кога Социјалдемократите започнаа со објавување на прислушкуваните разговори, наведува натаму германскиот магазин, и информира дека потоа бил постигнат Пржинскиот договор со посредство на ЕУ.

„За да се најде решение за кризата, комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан ги покани власта и опозицијата на преговори (во Виена, н.з.). Но шансите за крај на ескалацијата, според балканскиот експерт Душан Релјиќ, се мали. 'Актуелниот развој покажува дека режимот на Груевски по секоја цена сака да се одржи на власт, затоа што на неговите соработници им се заканува затвор“, пишува магазинот Шпигел во текстот под наслов „Земја во распад“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Хатај Турција Земјотрес

Бројот на жртвите од земјотресот надмина 11.000 луѓе

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница