Рајски документи: како богатите го кријат своето богатство | Свет | DW | 06.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Рајски документи: како богатите го кријат своето богатство

Истрагата наречена „Рајски документи“, вклучува електронска пошта, бизнис договори и банкарски изводи од 1950 до 2016 година. Вмешани се стотици познати политичари, бизнисмени, спортисти и кралицата Елизабета.

Огромен трезор од 13,4 милиони доверливи документи откриваат како богатите и моќните го криеле своето богатство и избегнувале плаќање данок, обелоденува новинарската истрага спроведена ширум светот. Политичари, славни личности и кралици се меѓу личностите посочени во документите кои ги истражувале стотици новинари.

Истрагата наречена „Рајски документи“, вклучува електронска пошта, бизнис договори и банкарски изводи од 1950 до 2016 година. Биле откриени од германскиот весник Зиддојче Цајтунг, а споделени со Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ). Оваа организација соопшти дека документите покажуваат „колку длабоко е заплеткан офшор финансискиот систем со светот на политичките играчи, приватното богатство и корпоративните гиганти, кои ги одбегнуваат даноците преку сѐ поимагинативни книговодствени маневри“.

Голем дел од досиејата потекнуваат од правната фирма „Еплби“, основана во Бермуда, со канцеларии на Карибите, а специјализирана во помагање на клиентите да основаат офшор компанија и сметки.

Paradise Papers Neue Enthüllungen zu Steueroasen (picture.alliance/dpa/H. Ossinger)

Голем дел од досиејата потекнуваат од правната фирма „Еплби“, основана во Бермуда

Таквите финансиски трансакции се вообичаени и не секогаш нелегални.

„Еплби“ призна минатиот месец дека хакери навлегле во нејзиниот систем во 2016 година и дека податоците на некои клиенти можеби се компромитирани. Во изјава на нејзината интернет-страница, компанијата демантира дека постојат докази за било какви неправилности во хакираните документи и дека таа само „ги советува клиентите за легитимни и правни начини за водење на бизнис“.

Имињата на повеќе од 120 политичари во речиси 50 држави се појавуваат во протечените документи кои опфаќаат 1,4 терабајти, како и познати личности од светот на спортот и бизнисот. 

Американскиот секретар за трговија Вилбур Рос и британската кралица Елизабета се меѓу најголемите имиња во досиеајата.

Рос имал удели во компанија за бродски превоз регистрираната на Маршаловите острови. Фирмата добивала милиони долари од други компании меѓу чии сопственици се зетот на рускиот претседател Владимир Путин и руски олигарси кои во моментов се под истрага на американското министерство за финансии.

USA Handelsminister Wilbur Ross (picture-alliance/dpa/A. Harnik)

Американскиот секретар за трговија, Вилбур Рос

Севкупно, во документите се споменуваат имиња на десетици советници на Трамп, членови на владата и големи донатори.

За британските медиуми најинтересни се инвестициите во вредност од 10 милиони фунти на кралицата во фондови на Кајманските острови и Бермуда.

„Нема ништо нелегално во инвестициите и нема сугестија дека кралицата не плаќа данок, но може да се постави прашање дали монархот треба да инвестира офшор“, напиша БиБиСи.

Во протечените документи се наоѓаат податоци и за големи руски инвестиции во интернет гигантите Твитер и Фејсбук, како и досиеја за поп-ѕвездите Мадона и Боно.

Новите откритија се случуваат 19 месеци по објавувањето на „Панама документите“ кои доведоа до смени на премиерот на Исланд и на лидерот на Пакистан. Панамските документи исто така открија дека блиски соработници на рускиот претседател Путин чуваат милијарди евра на лажни сметки во странство.

 

DW.COM

Реклама