Рајанер одобри пилотски синдикат | Економија | DW | 15.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Рајанер одобри пилотски синдикат

Новина во 32-годишната историја на ирската нискобуџетна авионска компанија - првпат ќе преговара со претставници на вработените. На тоа ја натера стравот од масовни штрајкови пред празниците.

„Признавањето на синдикатите ќе претставува значајна промена за Рајанер, но ние веќе претрпевме радикални трансформации“, изјави шефот Мајкл Олири. Одлуката е реакција на стравот од масивни штрајкови на пилотите пред божиќните и новогодишните празници. Во Германија, Италија, Ирска и Португалија пилотите веќе најавија прекин на работата. Во 1985. година основаниот Рајанер, кој лета на дестинации низ цела Европа, синдикатите го обвинуваат за организирање несоцијални работни услови, според ирските закони, на околу 4.000 пилоти. Тие немаат право на платено боледување, немаат цврсто утврдени работни распореди, не им се уплаќаат придонеси за пензиско осигурување и се применува ангажман според систем на привидно самостојно претприемништво, критикуваше Иља Шулц од синдикатот на пилотите, Кокпит. Пилотите почетници не се вработувани директно во Рајанер, туку се принудени да формираат сопствени мини-друштва според ирска или британска регулатива и да вршат работа како самостојни работници. 

Авионската компанија која профитира од наводно ниски цени на авиобилетите, досега одбиваше преговори со Кокпит и признавање синдикално организирање на своите вработени.

 

Реклама