1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Nordmazedonien Der Präsident von Mazedonien Stevo Pendarovski  spricht im Parlament in Skopje
Фотографија: Presidency of North Macedonia

Тензија пред собраниската седница за францускиот предлог

ДТЗ
12 јули 2022

Талат Џафери за ДВ вели дека седницата се уште не е закажана. Опозицијата стравува дека францускиот предлог ќе биде ставен на дневен ред во „5 до 12“

https://www.dw.com/mk/%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B5-%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4-%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D1%84%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%D1%83%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BB%D0%BE%D0%B3-%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D0%BD%D1%83%D0%B4%D0%B8-%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%BE%D1%86%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%81-%D0%BC%D0%B5%D1%93%D1%83-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B8%D0%B8%D1%82%D0%B5/a-62443025

Собранието се уште нема закажано седница за францускиот предлог, ниту ги има доставени комплетните документи коишто ги бараше опозицијата во врска со предлог-преговарачката рамка со ЕУ, за која што треба да се изјаснат пратениците. До пратениците засега е доставена само информација од една страница, откако трите документи околу францускиот предлог, без Протоколот којшто треба да биде потпишан до Бугарија, беа јавно објавени од страна на Владата. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара комплетен увид во сите документи и стравува дека тие ќе бидат доставени до нив во „5 до 12“. 

„Досега нема доставено до пратениците никакви дополнителни материјали. Очигледно е дека Владата како што ги водеше разговорите во тајност, така сака да ја заврши и целата постапка. Ги кријат документите, како со половични документи да решаваме?, реагираше денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. 

Собрание Талат Џафери
Претседателот на Собранието, Талат Џафери за ДВ вели дека засега нема закажано седницаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Според непотврдени информации францускиот предлог би можел да се најде пред пратениците веќе утре или в четврток, но претседателот на Собранието, Талат Џафери за ДВ вели дека засега нема закажано седница, а за кога таа ќе се најде на дневен ред, јавноста дополнително ќе биде информирана.  

Предлог- заклучоци како основа за консензус 

Во меѓувреме пратеникот Павле Трајанов од Демократски сојуз испрати до претседателот на Собранието, Талат Џафери, негов предлог – заклучоци што треба да ги усвои Собранието во врска со францускиот предлог. Трајанов смета дека овие предлог-заклучоци би можеле да бидат основа за консензус меѓу партиите во парламентот. Партијата, која што е коалиционен партнер на СДСМ, бара да се изостави делот за еднострани декларации за македонскиот јазик, како и делот за билатералните прашања меѓу двете држави да се дел од преговорите со ЕУ. 

Мицкоски до СДСМ: Одбијте го предлогот 

Откако социјалдемократите синоќа едногласно го прифатија францускиот предлог, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски денеска ги повика пратениците на СДСМ да го одбијат предлогот и да го послушаат народот. „Пратеници од СДСМ, ве повикувам да не подлегнувате на притисоците на власта и да постапите исклучиво според сопствената совест. Бидете достоинствени, почитувани пратеници од СДСМ и не потклекнувајте на притисоците од некои челни луѓе на вашата партија“, вели Мицкоски. 

Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка деновиве влегува во собраниска процедура. Станува збор за информација која што Собранието ја носи со просто мнозинство, односно со 41 пратеник од присутни 61. Според Мицкоски, суштински, усвојувањето, односно неусвојувањето на оваа информација нема да смени ништо посебно бидејќи Владата на Димитар Ковачевски веќе ја прифати. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Fußball EURO 2020 | Ukraine vs. Nord-Mazedonien

Борисов: Соседите не ги разбираат европските вредности

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница