Растечкото незадоволство е предизвик за Кремљ | Свет | DW | 13.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Растечкото незадоволство е предизвик за Кремљ

Десетици илјади повторно демонстрираа во Москва. Моќниците жестоко реагираат, бидејќи одамна повеќе не се во прашање само локалните избори, што ги загрижува и плаши властодржците. Не без причина, смета Миодраг Шориќ.

Не можат да бидат истерани, ни со закани, ни со полициски палки, ниту со апсења. Десетици илјади луѓе излегоа на демонстрации во центарот на Москва и бараа фер локални избори, слобода за политичките затвореници и оставка на претседателот Владимир Путин. Беа тоа најголемите демонстрации во последните години- среде летните одмори- кога многу Руси слободното време го проведуваат во своите викендички- дачи. Руското граѓанско општество му пркоси на Кремљ.

Причина за протестите е релативно безначајниот локален парламент. Но, всушност владее големо незадоволство од целокупната држава. Тоа го покажуваат и анкетите- довербата во претседателот достигна историски минимум. Поради многу причини: економија стагнира, цените растат, корупцијата достигна алармантни размери, пензиската реформа вознемирува милиони луѓе. Сѐ повеќе Руси се незадоволни- но властите одбиваат да дозволат политичка алтернатива. Ниту на локално ниво.

Бестрашноста го расколебува Кремљ

Тоа натера десетици илјади луѓе да излезат на улица.  Tие се бестрашни. А тоа ја плаши власта која реагира беспомошно. Претседателот и премиерот секогаш одново ветуваат подобрувања, повеќе пари, поголеми плати. Меѓутоа, реалниот животен стандард на Русите опаѓа веќе пет години. Сите го знаат тоа и го чувствуваат на сопствена кожа.

Повеќе:

-Дали по 20 години, се распаѓа ли имиџот на недопирлив на Владимир Путин?

-Да се направи светот понесигурен - Владимир Путин 20 години на власт

-Кремљ се плаши од народот

Soric Miodrag Kommentarbild App

Миодраг Шориќ, автор на коментарот

Конечно, во прашање е нешто поважно од материјалното. Многу обични Руси имаат чувство дека владата повеќе не ги разбира, не ги забележува, а особено дека не ги претставува. Тоа исто така стана јасно и за време на дозволените демонстрации, кои се одвиваа во делот на улицата со деловни згради, кој полицијата го блокираше и кој се наоѓа далеку од владините згради, далеку од центарот на градот во кој пулсира живот. Затоа дел од демонстрантите по официјалниот дел од протестите маршираше во насока на претседателската администрација во центарот на градот. Таму беа пресретнати од стотици полицајци и бројни демонстранти беа приведени. 

Кремљ се чувствува предизвикан

Меѓу приведените имаше многу млади либерални луѓе, кои сакаат повеќе слобода и демократија во западен стил- но и постари жители на Москва, кои носеа комунистички знамиња. Тие, пак жалат по советската ера, кога, според нивното чувство- државата се грижела за интересите на населението. Стари комунисти или млади демократи- и едните и другите имаат чувство дека оваа влада не ги сфаќа сериозно.

Колку подолго претседателот Путин остане на власт, поголема ќе биде оддалеченоста на оние на власт и оние со кои се владее. За да остане на власт, сегашната гарнитура на Кремљ ќе мора сѐ озачестено да ја користи полицијата, да ги контролира медиумите и посилно да ги прогонува неистомислениците. Жалосни изгледи.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама