Здравје
Ракоплескање и за британските здравствени работници
30 март 2020
Реклама
Националните здравствени служби на Велика Британија се наоѓаат под огромен притисок поради растечкиот број на тешки случаи на заболени од Ковид-19 во земјата. НХС и пред корона-кризата се наоѓаше во незавидна ситуација, кога станува збор за опременоста со кадар и медицинска техника.
Бројката на починати од вирусот во Велика Британија во меѓувреме се искачи на преку 1200 а британскиот премиер Борис Цонсон, кои и самиот е заразен од коронавирусот и раководи со земјата од домашна изолација, најави дека 20 илјади поранешни вработени во НХС ќе се вратат во службите за да помогнат во борбата против коронавирусот.