Радев бара вистински резултати од Скопје и ефективна акција од ЕУ | Северна Македонија | DW | 21.09.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Радев бара вистински резултати од Скопје и ефективна акција од ЕУ

Декларациите и ветувањата во дијалогот со С. Македонија повеќе не функционираат. Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што ќе доведат до одржливи резултати, вели бугарскиот претседател.

Вистински резултати од Скопје во дијалогот со Бугарија и ефективна акција од ЕУ за промовирање на вредностите на демократијата и почитување на човековите права во Северна Македонија. Ова го побарал бугарскиот претседател Румен Радев за време на неговата средба на „Дондуков 2“ со европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, во фокусот на разговорите меѓу Радев и Вархеји бил напредокот во процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан. Бугарскиот претседател истакнал дека Бугарија е најзаинтересирана да ги види своите соседи во ЕУ, но дека за тоа е потребно целосно почитување на Копенхагенски критериуми за членство на Северна Македонија, особено почитување на човековите права и принципите на добрососедство, кои се во срцето на европската соработка. Радев, исто така, посочил дека декларациите и ветувањата во дијалогот со Северна Македонија повеќе не функционираат. Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што ќе доведат до одржливи резултати.

Belgien l Europaparlament befragt Ersatzkandidaten für von der Leyens EU-Kommission - Oliver Varhelyi

Оливер Вархеји

Според него, ова ќе го забрза процесот на европска интеграција за Северна Македонија. Тој тврди дека договорот за пријателство со Скопје потпишан во 2017 година не се спроведува и дека Северна Македонија се уште не ги решила проблемите со говорот на омраза и создавање лоша слика за Бугарија во учебниците, музеите и спомениците, како и во однос на правата на граѓаните на земјата кои отворено ја изразуваат својата бугарска самосвест. На средбата, Радев истакнал дека 120.000 бугарски државјани во Северна Македонија се исто така граѓани на ЕУ и дека земјата се потпира на поддршката на европските институции за ефективно почитување на нивните права. 

„Заедничкиот став на Радев и Вархеји беше дека во процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан и решавање на спорните прашања, најважен е директниот и отворен дијалог. Оливер Вархеји ќе ја посети и Северна Македонија, каде ќе оствари средби со државниот врв на земјата“, пишува агенцијата Монитор.  

Притисок врз Бугарија 

Бугарските медиуми, кои опширно известуваат за средбата, посетата на Вархеји ја толкуваат како уште еден обид за притисок врз Бугарија да го тргне ветото и да се повлече од својата цврста позиција кон Северна Македонија. Македонскиот премиер Зоран Заев синоќа порача дека останува оптимист дека Бугарија може да ја одобри преговарачката рамка на Скопје за членство во ЕУ во декември. 

На средбата со Вархеји учествуваше и бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, кој порача дека „Бугарија останува доследна на својата позиција во однос на европската интеграција на С. Македонија, истата се темели на Декларацијата изгласана во бугарскиот парламент на 10 октомври 2019 година и Рамковната позиција на бугарската Влада донесена на 9 октомври истата година“. 

Тој очекува Северна Македонија да покаже политичка волја за надминување на проблемите. „Бугарија од своја страна останува активно ангажирана во барањето на можности за решавање на отворените прашања“, вели Стоев. 

Претходно, шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи информираше дека разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија за надминување на разликите и деблокада на македонската евроинтеграција продолжуваат и покрај тоа што се уште нема политичка влада во Софија

Bujar Osmani

Бујар Османи

 Османи вели дека „продолжуваат и напорите на ЕУ, па и на комесарот Вархеји, но и на земјите членки, пред се, на словенечкото претседателство кое има на некој начин и обврска да биде посредник во надминување на ова прашање“. На прашањето дали по посетата на Вархеји во Софија се очекува притисок и кон земјава за изнаоѓање решение, Османи најави дека такви средби ќе има и во наредниот период, и со С. Македонија и со Бугарија.  

 

DW.COM

Поврзана содржина