Путин и Ким разговараа за ситуацијата на Корејскиот Полуостров | Свет | DW | 25.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Путин и Ким разговараа за ситуацијата на Корејскиот Полуостров

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ги оцени како „многу значајни“ разговорите кои во Владивосток ги имал со претседателот на Русија, Владимир Путин. Двајцата лидери имаа средба во четири очи на рускиот Далечен Исток.

Разговорот меѓу двајцата лидери утрината во Владивосток траеше околу 2 часа. „Штотуку имавме многу значајна размена на мислења за прашања од заеднички интерес“, изјави Ким по состанокот. Притоа. според него. станало збор за ситуацијата на Корејскиот Полуостров, која припаѓа кон најголемите меѓународни проблеми. Путин пак, нагласи дека двете страни зборувале за тоа како ситуацијата би можела да се подобри.

Спроти почетокот на самитот, рускиот претседател изјави дека неговата земја е подготвена да ги поддржи сите позитивни тенденции на Корејскиот Полуостров. Путин истакна дека го поддржува и напорите на Ким за нормализација на односите меѓу Северна Кореја и САД.

Повеќе:

-Утре во Владивосток самит Путин-Ким

Лидерот на Северна Кореја пак истакна дека сака да развие историски врски со Русија за постабилни и посолидни односи меѓу двете земји. Заедничка изјава по самитот Путин-Ким не е планирана, а исто така не е предвидено ниту потпишување на договори меѓу делегациите на двете земји, кои се сретнаа веднаш по завршувањето на состанокот во четири очи на двајцата лидери. 

Првата билатерална средба на двајцата политичари се случува среде растечките тензии меѓу Северна Кореја и САД во спорот околу атомската програма на Пјонгјанг.Во февруари пропадна вториот самит меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп во виетнамскиот град Ханој.

Русија како соседна земја на Северна Кореја е заинтересирана за атомското разоружување на Пјонгјанг. Москва се залага за чекорите кои Северна Кореја ќе ги направи во таа насока да бидат проследени со олабавување на санкциите.

DW.COM

Реклама