Путин: Експлозијата во Санкт Петербург е терористички чин | Свет | DW | 28.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Путин: Експлозијата во Санкт Петербург е терористички чин

Мала бомба експлодираше во еден супермаркет во Санкт Петербург. Рускиот град во април преживеа тежок терористички напад. Граѓаните сега се прашуваат: кој стои зад последната експлозија?

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека синоќешниот напад во Санкт Петербург е терористички чин. Експлозија потресе еден супермаркет во рускиот град при што се повредени најмалку 13 лица. Путин зборуваше на доделувањето на награди на руски воени службеници. „Вчера видовте терористички чин. Неодамна нашата разузнувачка служба ФСБ спречи уште еден обид за терористички напад“, рече Путин.

Рускиот претседател зборуваше во Кремљ каде што ги прими војниците кои учествуваа во воена операција во Сирија.

Путин не наведе детали во врска со неговите тврдења дека станува збор за терористички акт. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Кремљ пред 10 дена соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин му се јавил на американскиот колега Доналд Трамп за да му се заблагодари поради дојавата од Централната разузнувачка агенција (ЦИА), благодарејќи на која е спречена серија бомбашки напади во Санкт Петербург.

Повеќе на темата:

-Путин благодарен на Трамп за спречен терористички напад

-Се истражуваат мотивите на напаѓачот од Санкт Петербург

-Берлин срамно ја изигнорира трагедијата во Санкт Петербург

Инаку во супармаркетот, според изјавата на портпаролката на Државната истражна комисија Светлана Петренко, експлодирала мала импровизирана направа во која имало 200 грама динамит и во која биле ставени многубројни парчиња метал.  Девет луѓе со потешки повреди биле пренесени во болница, додека полесно повредените биле испратени на домашно лекување.

 

DW.COM

Реклама