Противпожарна служба во Германија спасуваше стаорец | Панорама | DW | 27.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Противпожарна служба во Германија спасуваше стаорец

Стаорец кој во зимските месеци малку се опуштил со „килажата“ заглави во шахта во германскиот град Бенсхајм. Следуваше спасувачка операција од која пожарникарите излегоа како „херои“, а стаорецот ја доби својата слобода.

Приказната за спасувачката операција наменета за еден заглавен стаорец им ги загреа срцата на љубителите на животни во Германија. Машки стаорец (насловна фотографија) со малку повеќе "Winterspeck" (Зимска сланина) - што би рекле Германците, или на македонски подздебелен, се најде во небрано кога се обидел да ја напушти канализацијата, заглавувајќи во отворот на шахта.

Прво напомош му дошле спасувачи од организацијата за заштита на животни во германскиот град Бенсхајм. Откако не успеале да го извлечат стаорецот, напомош била повикана противпожарната служба од 30-километри оддалечениот Ауербах. Осуммина пожарникари интервенирале за спас на стаорецот.
Фотографијата на заглавениот стаорец предизвика илјадници реакции на социјалните мрежи и стотици коментари. Дел од корисниците одушевени ја коментираа спасувачката акција со став дека „секое суштество заслужува да биде спасено“. Веста ја пренесоа и регионалните медиуми 

На другата страна имаше и такви кои се исчудуваа на потегот имајќи предвид дека повеќе германски градови водат цели кампањи за ослободување од стаорците.

Дебатата ја заокружи еден од спасувачите на стаорецот, Михаел Сер, кој за агенцијата ДПА изјави дека не гледа ништо контрадикторно во акцијата.

„Дури и животните кои се омразени од многу луѓе заслужуваат почит“, рече тој.

Реклама