Протести за климата - демонстрантите разочарани од владата во Берлин | Свет | DW | 07.10.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Протести за климата - демонстрантите разочарани од владата во Берлин

Поборниците за заштита на климата демонстрираа во Берлин. Активистите од „Extinction Rebellion" („Бунт против истребување“ - социјално движење за заштита на климата) делумно го сопреа сообраќајот во главниот град.

Утрово активистите на „Бунт против истребување“ делумно го запреа сообраќајот во главниот град. Со слични протестни акции низ светот демонстрантите сакаат да укажат на заканата од климатски катастрофи. Веќе во четири часот наутро активистите за заштита на климата и покрај студот ја парализираа една од најважните сообраќајници во Берлин. Околу 500 до 600 демонстранти со часови го блокираа сообраќајот. Акцијата помина мирно, а полицијата беше воздржана. Досега протестите се без инциденти. Организаторот за Дојче Веле вели дека е во постојан контакт со берлинската полиција, со цел да ги најави следните активности и да се координира со полицијата. Ненајавената сообраќајна блокада беше увертира на многу следни акции кои се планирани за неделава во главниот германски град.

Попладнево  активистите на еден централен плоштад во Берлин поставија еден кораб. Бродот симболично треба да потестува на изумирањето на видовите. Планирани се и други уметнички акции. Во среда треба да биде блокиран еден мост. Многу активности не се најавени и се случуваат спонтано. И во други градови како Лондон, Париз, Јоханесбург и Мадрид цела недела треба да се случуваат вакви протестни акции. „Сакаме да покажеме колку е итна ситуацијата и дека се наоѓаме во еколошка криза," вели Клер Вордли за Дојче Веле. Таа е професорка на Универзитетот Кембриџ во Велика Британија и активист на „Бунт против истребување“

Движењето беше основано минатата година во Велика Британија. Сојузот има за цел да се бори за заштита на климата и против климатската криза. Движењето бара сите национални влади да прогласат вонредна состојба во однос на климата. Сите политички решенија кои би биле во насока на справување со климатската криза, мора бргу да се спроведат. Главна цел на движењето гласи – до 2025 година сите штетни гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, произведени од човекот, да се намалат на нула.

Umweltaktivisten errichten Klimacamp vor Kanzleramt, Teilnehmer der Umweltbewegung Extinction Rebellion (imago images/A. Friedrichs)

Климатските активисти подигнаа протестен камп пред владата во Берлин

За разлика од  „Петоци за иднината“,  „Бунт против истребување“ е уште полабаво движење во кое сакааат да се вклучат и возрасните. „'Бунт против истребување’ не им ги остава протестите само на децата и младите," вели активистката Клер Вордли за ДВ. Уште едно нешто ги разликува од  Грета Тунберг.  „Ние се потпираме на средства за граѓанската непослушност - нема насилство, но има блокади на улиците или запоседнување на владини згради – тоа за нас се легитимни средства," појаснува Клер Вордли. Доколку има прекршување на законите со цел да се исполнат нивните барања, тоа сосем соодветна акција за активистите.

Демонстрантите во Берлин денес се особено лути, поради веста која кружи уште од викендов. Наводно, како што пишува “Шпигел онлајн“ законот за заштита на климата на владата на Меркел ќе биде уште полош отколку што беше најавено. Тоа се гледа од конечниот нацрт-закон кој ќе биде предложен во среда од страна на владата. Како што пишува „Шпигел“, за разлика од досега најавеното до 2040 година, сега повеќе нема предвидено национална цел за заштеда на јаглерод диоксид, а и ветувањето дека Германија до 2050 година повеќе нема да произведува стакленички гасови е ублажено.

Шефот на кабинет на канцеларката, политичарот од ЦДУ Хелге Браун во едно телевизиско интервју се спротивстави на ова – „Оваа програма е далеку подобра од она што го имаме денес," изјави тој за ЦДФ.

Тој ги критикуваше протестите на групата за заштита на климата „Бунт за истребување“. Според него е во ред да има протести за поголема климатска заштита, но „не ако тоа се прави со опасни блокади на патиштата."

 

DW.COM

Реклама