Продолжува потрагата по берлинскиот атентатор | Свет | DW | 21.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Продолжува потрагата по берлинскиот атентатор

Полицијата и натаму трага по напаѓачот или напаѓачите кои го извршија нападот со камион врз божиќното пазарче во Берлин во понеделникот. 12 луѓе загинаа во нападот, а 48 се повредени.

Првиот човек на германскиот криминалистички синдикат е убеден дека апсењата на одговорните за злосторството во Берлин наскоро ќе следат.

„Сигурен сум дека наскоро ќе биде претставен нов осомничен, уште во текот на денов или најдоцна до утре“, вели Андре Шулц од криминалистичкиот синдикат, дополнувајќи дека постојат „солидни докази“ и „многу траги“.

Берлинската полицијата соопшти дека добила повеќе од 500 дојави за злосторството. Првичниот осомничен, 23-годишен Пакистанец кој беше уапсен врз база на изјава на сведок, вчера беше пуштен на слобода поради недостаток на докази. Јерк Радек од полицискиот синдикат изјави дека истрагата се фокусира на ДНК и други траги кои останале на местото на настанот,  на сателитскиот сигнал од камионот, како и на материјалите пронајдени на мобилните телефони кои биле конфискувани на местото на нападот. 

Deutschland Merkel und weitere Kabinettmitgleider legen Blumen an Anschlagsort nieder (Reuters/H. Hanschke)

Канцеларката Меркел и владини министри вчера положија цвеќе пред божикното пазарче во Берлин кое беше цел на напад

Вчера, терористичката група „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот.Целта била да се нападнат граѓани на држава која е дел од коалицијата која се бори против терористичката организација.

Експертите велат дека досега ИД повеќепати преземала одговорност за напади со кои всушност немала никаква врска.

Полицијата трага по еден или повеќе напаѓачи кои се во бегство и најверојатно се вооружени. Се верува дека лицето кое беше пронајдено на совозачкото седиште во камионот со прострелна рана од огнено оружје е полскиот возач кој со камионот во понеделникот пристигнал во Берлин. Најверојатно најпрво бил киднапиран, а потоа и убиен од напаѓачите.

Deutschland Bundesliga Borussia Dortmund v FC Augsburg Gedenken (Getty Images/Bongarts/D. Mouhtaropoulo)

Натпреварите од Бундеслигата вчера почнаа со едноминутен молк за жртвите од нападот

Анти-имигрантски групи и приврзеници на популистичката партија АФД за денеска најавија протести пред седиштето на канцеларката во Берлин.

Во исто време, левичарски групи најавија дека ќе одржат комеморација пред местото на злосторството и ќе протестираат против групи „кои го користат злосторството за да сеат омраза и да го поделат општеството“.

Меѓу 24-ата повредени кои сѐ уште се во болница по нападот, 14 се наоѓаат во критична состојба.

DW.COM

Реклама