Продолжува битката против пожарите во Малешевијата- на помош и романски авион | Северна Македонија | DW | 07.08.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Продолжува битката против пожарите во Малешевијата- на помош и романски авион

Огнената стихија во Малешевијата е најголемо жариште во земјата со радиус од 50 километри меѓу Берово, Пехчево и Делчево. Во борбата против пожарите се вклучува и романски воен авион.

Авионот Ц-27 Спартан на романското воено воздухопловство, кој е специјализиран за гаснење пожари и има капацитет од дејствување со 6 тони вода врз пожарите, пристигна во С. Македонија и се вклучува во операцијата за гаснење на пожари во беровскиот регион, соопшти македонското  министерството за одбрана. 
Според Центарот за управување со кризи станува збор за специјализиран авион кој носи пожарникари и 6-тонски кеси кои се полнат со вода и при летање на подрачјето тие се пуштаат и во форма на падобран бомба се распрскуваат врз огнот.

Гледај видео 02:01

Бурна ноќ во костец со стихијата

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска која денеска ги посети
припадниците на Армијата упати искрена благодарност до нив и до колегите од Србија и од Словенија за натчовечките напори дадени за гасење на пожарите. Taa уште истакна дека значително е зголемена ефикасноста и брзината на
делување на сите хеликоптери вклучени во гаснењето на пожарите во
Малешевијата. 

Повеќе:

-На „плажа“ во Пехчево

-Фотографија на денот: Со лопата во борба за спас на Малешевијата

-Критична состојба со пожарите- Полицијата во „лов“ на пироманите

На Фејсбук страницата на министерството за одбрана пак беше објавено дека Армијата успеала да организира сите хеликоптери вклучени во гасењето на пожарите да полнат гориво во близина на кризните точки каде што се гаси - со тоа ќе се скрати времето помеѓу две дејствувања и ќе се зголеми количеството на исфрлена вода, брзината и ефикасноста во операциите.

Премиерот Зоран Заев, кој, пак, денеска е во посета на опожарените подрачја во Малешевијата, е убеден дека државата ќе се справи со пожарот и ќе  ќе биде комплетно локализиран.

„Се преземаат сите дејствија за да може да се локализира и ова најголемо жариште во државата, а тоа е пожарот помеѓу Берово, Пехчево и Делчево буквално што е некаде во радиус од 50 километри“, додаде премиерот Заев.