Притисок за укинување на имунитетот на Марин Ле Пен | Свет | DW | 14.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Притисок за укинување на имунитетот на Марин Ле Пен

Десноекстремната француска претседателска кандидатка Марин Ле Пен е под сѐ поголем притисок во аферата со лажни вработувања.

Како што се дознава од судски извори, француски судии, кои водат истрага околу тоа дали кандидатката за претседател од крајнодесниот Национален фронт Марин ле Пен злоупотребила пари од Европската унија, плаќајќи ги своите партиски помошници, побарале Европскиот парламент да ѝ го одземе имунитетот.

Судиите доставиле на 29. и на 30. март барање за одземање на имунитетот на Ле Пен и на пратеничката од нејзината партија, Мари Кристи Бутоне.

Тие се осомничени дека им давале плати на парламентарни соработници, кои се од партискиот апарат на Националниот фронт и кои речиси воопшто не се појавувале во Стразбур.

Доколку Парламентот ѝ го укине имунитетот, Марин Ле Пен ќе може да биде испрашана и против неа да биде поведена постапка. Таа пред неколку недели доби покана да даде исказ пред истражни судии, но не се одзва на неа, повикувајќи се на имунитетот како ЕУ-пратеник.

Правната постапка против десничарската политичарка не би била новост.Во март Европскиот парламент го укина нејзиниот имунитет во врска со друг случај. Тогаш стануваше збор за споделување и распространување шокирачки фотографии од жртви на џихадистичката милиција Исламска држава преку Твитер. 

Според анкетите на јавното мислење, Марин Ле Пен има добри шанси на претседателските избори на 23. април да влезе во решавачкиот втор круг гласање,каде според прогнозите би загубила против независниот кандидат Емануел Макрон.

   

 

DW.COM

Реклама