Претрес во домот на напаѓачот | Свет | DW | 25.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Претрес во домот на напаѓачот

По нападот во Ансбах, полицијата врши претрес во еден дом за азиланти

Во центарот на Ансбах вчеравечер 27-годишен Сириец активираше експлозив, при што самиот загина, а повредени се 12 лица, од кои три тешко.

Властите сега работат на проверка дали станува збор за терористички напад. Важно е да се утврди со кого комуницирал напаѓачот, изјави обвинителот Михаел Шротбергер. Иследниците кај Сириецот пронашле мобилен телефон, кој сега се проверува. Нејасно е како тој стигнал до експлозив, а мора да се разјасни и од каде точно потекнуваат металните делови во експлозивот.

Гледај видео 00:34
Now live
00:34 минути

Интензивна истрага

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама