1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Gordana Jankuloska
Фотографија: MIA
Закон и правосудство

„Титаник“: Затворски казни за двајца поранешни министри

ДТЗ
28 февруари 2022

По признавањето на вина, четворица од обвинетите добија условни казни, а меѓу нив се  Мартин Протоѓер и Билјана Бришковска-Бошковски. 

https://p.dw.com/p/47iN1

Поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, Мунир Пепиќ и Коста Митровски се осудени на затворски казни во предметот „Титаник”, којшто го отвори поранешното СЈО, а се однесува на изборни нерегуларности во 2011 и во 2013 година за парламентарни и локални избори. По признавањето на вина, четворица од обвинетите добија условни казни, а меѓу нив се Мартин Протоѓер и Билјана Бришковска-Бошковски. 

Mile Janakieski
Судот највисока казна му изрече на Миле Јанакиески од 4,5 години затворФотографија: DW/P. Stojanovski

Откако на 11 февруари признаа вина за дел од кривичните дела за кои се обвинети, судијата Осман Шабани од Основниот кривичен суд Скопје, највисока казна му изрече на Миле Јанакиески од 4,5 години, додека поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е осудена на 2,5 години затвор. Три години затворска казна доби Коста Митровски, додека Мунир Пепиќ е осуден на една година затвор. Обвинителката Лиле Стефанова побара куќен притвор за Миле Јанакиески, поради опасност од бегство.

Условни казни

Мартин Протоѓер, Билјана Бришковска-Бошковски, Катерина Веловска и Киро Тодоровски добија условна казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако во рок од 5 години не сторат ново кривично дело. 

Mazedonien Anklage der Sonderstaatsanwältin Katica Janeva
СЈО во 2016 година отвори истрага за изборните злоупотребиФотографија: DW/P. Stojanovski

Со пресудата којашто беше објавена денеска (28.02.2022), групата е виновна за  злосторничко здружување, коешто било формирано од поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски. Тој дополнително е обвинет и за повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

За Груевски и за останатите обвинети кои не се чувствуваат виновни (Илија Димовски, Кирил Божиновски и останатите), судењето продолжува на 9 март.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во 2016 година обелодени дека отвара истрага за овој случај, за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање и уништување изборен материјал.

 

 

 

 

 

 

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Секоја година на 9-ти декември се одбележува Меѓународниот ден за борба против корупцијата

Ден за преиспитување: Поглед врз корупцијата

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница