Прекрстување на партизаните на Тјентиште | Информации и анализи за Балкан | DW | 22.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Прекрстување на партизаните на Тјентиште

Без дозвола, на Сутјеска веќе никна православна црква. Сега се планира изградба на уште поголема. Критичарите сметаат дека тоа е навреда за борците од други вери и нации, но и претворање на четниците во антифашисти

Фата Орловиќ од Коњевиќ поле веќе 16 години бара од нејзиниот двор да се тргне бесправно изградена црква. Но, надлежните од ентитетот Република Српска до денес не сторија ништо за почитување на законот. И како што обично се случува, ако не се прави ништо, сторителите се охрабруваат да го повторат своето (не)дело.
Ова правило го потврди и најавата за изградба на храм на Свети Прокопие во Националниот парк Сутјеска, во близина на славниот партизански споменик на Тјентиште. Иако за градба на црква нема никаква валидна документација, ни урбанистичка согласност, највисоките претставници на Српската православна црква во БиХ, меѓу кои и митрополитот дабробосански Хризостом веќе ги осветија темелите на црква која треба да биде на местото каде се водени најтешките битки во Втората светска војна.
Од битката на Сутјеска минаа 75 години. Претседателот на Сојузот на здружението на борците од Народноослободителната војна на БиХ, Бакир Накаш вели дека никој нема ништо против изградба на верски објекти кои имаат своја цел и верници.

Seine Eminenz, Hrizostom, Dabro-Bosnian Metropolit der Serbisch-Orthodoxen Kirche (Orthodox Metropolitanate Dabro-Bosnian )

Српскиот митрополит во БиХ, Хризостом

Јакнење на клерофашизмот? 
Но, да се гради црква на Сутјеска е „чиста провокација во светло на јакнење на клерофашизмот на сите нивоа“.
„Со овој чин се 'покрстуваат' мртвите партизани, атеистите или верниците од други вери и се нарушува концептот на Национален парк кој е се друго освен еднонационален, читај 'православен'. Ако се гради црква заради народот, верниците, тогаш такви објекти треба да се градат во близина на местото на живеење, а не до спомен обележје на партизаните на кои антифашизмот им беше над нивната вера и нација“, вели Накаш.

Отпор против проектот има и во регионот, бидејќи Сутјеска и споменикот на паднатите борци не и припаѓаат само на БиХ. Секретарот на белградското Друштво за вистина за НОБ и Југославија, Милош Лукиновиќ вели дека СПЦ и во Србија без прашање и дозвола изградила црква кај споменикот на партизаните загинати на Сремскиот фронт.
„Тоа е апсурд, а црквата е направена под изговор дека не биле сите борци атеисти. Ова на Тјентиште е уште една измама. Што значи тоа? Дека на Тјентиште треба да се гради и католичка црква? И џамија? Па тоа е апсурдно! Тоа се будалаштини без никаква смисла. Оставете ги мртвите нека живеат во нашите спомени онакви какви што биле- борци за една заедничка визија на сите“, вели Лукиновиќ.

Naturschutzgebiet Sutjeska Bosnien und Herzegowina (Dw/S. Huseinovic)

Сутјеска е национален парк и заштитено подрачје

Српски префикс

Новинарот на БХ радио 1, Амир Сужањ вели дека Тјентиште силно ја симболизира антифашистичката борба на партизанските борци од разни нации, вери и атеисти од многу делови на тогашна Југославија. Тој вели дека изградбата на црквата може да се набљудува и во контекст на настојувањата на партизанското движење да му се даде ексклузивно српски префикс. Нешто „што претседателот на РС Милорад Додик со години се обидува да го стори“.
„Таа димензија е уште побесмислена, особено на Сутјеска, каде партизаните од сите народи гинеле заедно и буквално едни до други. Дека таквите обиди за прекројување на историјата не можат да го издржат ни елементарниот испит на историските факти, доволно е да се погледнат два примери- само од далматинскиот град Шибеник и неговата околина на Сутјеска имало 1.316 партизани, а загинале 787. Од Сплит и околината во големата битка учествувале 1.091 партизани, а загинале 688“, вели Сужањ.
Тој смета дека со вакви „проекти“ се настојува да се негира самата природа на партизанската борба со истовремени безобзирни настојувања на некои други движења, во прв ред на четничкото, и покрај сите факти, да му се додели антифашистички карактер.

 

DW.COM

Реклама