Прегласувањето во Теарце не донесе промени | Македонија | DW | 26.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Прегласувањето во Теарце не донесе промени

Весниците на германски јазик известуваат за резултатот од повтореното гласање во Теарце, констатирајќи дека тоа не носи промени во генералниот исход на изборите.

Повторувањето на гласањето за предвремените парламентарни избори на гласачкото место во Теарце не донесе промена на резултатот од 11 декември, констатираат неколку медиуми на германски јазик.

„Швебише цајтунг“ констатира: „Прегласувањето на едно гласачко место во Македонија не донесе промена на првичните резултати, а со тоа нема ни решение за политичките проблеми на балканската земја. Според резултатите од ДИК, конзервативците го задржаа тесното водство од 11 декември, иако Социјалдемократите добија повеќе гласови во Теарце. 

„Салцбургер нахрихтен“ пишува: Опозиционите Социјалдемократи победија во Теарце, но не обезбедија доволно гласови за дополнителен мандат. За дополнителен мандат Социјалдемократите требаше да освојат преку 300 гласови повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ. Предвремените парламентарни избори требаше да ја окончаат длабоката политичка криза. Но, на ВМРО- ДПМНЕ, со оглед на тесниот изборен резултат, ќе му бидетешко да формира стабилна влада. Имено, досегашниот коалиционен партнер, албанската партија ДУИ освои само 10 мандати во 120-члениот парламент.

„Цугерцајтунг“ исто така ја констатира непроменетата ситуација по гласањето во Теарце: ВМРО ДПМНЕ на долгогодишниот премиер Никола Груевски останува на освоени 51 мандат, а Социјалдемократите на 49 пратеници. Остнатите пратенички места во 120-члениот парламент припаѓаат на албанското малцинство, од нив сега зависи формирањето влада.

DW.COM

Реклама