Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!
Омикрон сојот е детектиран кај маж кој допатувал од Велика Британија, тој во јануари 2021 година ја прележал болеста, а потоа примил две дози вакцина
Во Северна Македонија денеска е детектиран првиот случај на ковид варијантата Омикрон, информираше Министерството за здравство. Секвенционирањето е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, кај маж кој во земјата допатувал од Велика Британија.
Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски. По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината на Бионтек/Фајзер. По втор пат позитивен тест на Ковид 19 имал од пред 2 дена, по што е потврдено дека е заразен со сојот Омикрон.
Во моментов пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом.