„Првоборци на хуманоста“: Нобелова награда за мир за Светската програма за храна | Свет | DW | 09.10.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

„Првоборци на хуманоста“: Нобелова награда за мир за Светската програма за храна

Спасувачи на живот и миротворци: одликувањето на Светската програма за храна со Нобелова награда е политички сигнал. Портрет на организацијата на ОН од чиј ангажман зависат милиони луѓе во светот.

Вообичаено, тој неуморно агитира за донации, но по одликувањето со Нобелова награда за мир, Дејвид Бизли, извршен директор на Светската програма за храна на ОН (WFP - World Food Program) беше видно трогнат: „Ова е првпат во мојот живот да останам без зборови."

Со одликувањето од страна на Нобеловиот комитет во Осло се оддава признание за работата на оваа организација на ОН основана во 1961. година. Соработниците на Светската програма за храна често го ставаат на коцка сопствениот живот за да спасат нечиј друг живот, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Тој го истакна и политичкото сигнално значење на доделувањето на наградата. „Светот чувствува глад и за меѓународна соработка, зашто короната, климатските промени и другите закани налагаат интернационална солидарност".

Südafrika Johannesburg - David Beasley

Дејвид Бизли, извршен директор на Светската програма за храна

„Глад од библиски размери"

Војни, коронавирус, промена на климата: уште во април оваа година Светската програма за храна во Советот за безбедност на ОН предупреди од „закана од глад со библиски размери". Во околу 25 земји луѓето во идните месеци ќе бидат изложени на катастрофален глад, трошоците за помош се проценуваат на 4,9 милијарди американски долари.

„Во Јемен глад им се заканува на милиони луѓе, но ние моравме да ги преполовиме дотациите на храна зашто недостигаат средства", се пожали извршниот директор Дејвид Бизли уште во јули.

Повеќе глад, помалку пари

Парадоксално е што во светот расте гладот, но стивнува борбата против него. Финансирањето на работата на Светската програма за храна станува сѐ потешко, во оваа година нејзините парични и материјални средства се дури редуцирани.

Повеќе:

Конфликтите и климатските промени поттикнуваат глад во светот

Со апликација против гладот

 

Во Јемен умираат од глад, светот немо гледа

На 20 милиони луѓе им се заканува смрт од глад

Од организацијата велат дека донациите и примањата од вкупно околу осум милијарди долари во 2019 година, во тековнава година се намалени на 6,3 милијарди долари.

Засега сѐ уште најголемиот донатор, САД, ги редуцираа своите уплати од 3,36 милијарди на 2,73 милијарди долари.

Гледај видео 00:52

Глад во кризните региони

И Европската комисија, третиот по големина уплаќач на средства, ја намали својата поддршка од 685 на 422 милиони долари. Наспроти тоа, Германија ја зголеми помошта за организацијата, уплаќајќи оваа година речиси една милијарда долари, за разлика од лани – 886 милиони долари.

„Првоборци на хуманоста"

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас го истакнува својот респект кон Светската програма за храна, упатувајќи веднаш честитка: „Светската програма за храна е симбол за одговорноста на светската заедница. Нејзините соработници се првоборци на хуманоста на најопасните места во светот".

Веќе 50 години Светската програма за храна спасува милиони луѓе во кризни и подрачја погодени од катастрофи од смрт од глад, таа е основана во 1961. година на иницијатива на американскиот претседател Двајт Ајзенхауер.

Кога во септември 1962 година земјотрес во северен Иран уништи илјадници куќи и предизвика преку 12.000 човечки жртви, СПХ испорача помош за преживеаните – 1.500 тони жито, 270 тони шеќер и 27 тони чај. Во истата година организацијата започна програма и за училишна менза во Того.

Jemen | Lebensmittelausgabe

Делење помош во храна во Јемен

Во текот на своето речиси 60-годишно постоење, Светската програма за храна се разви во најкрупна светска организација во борбата против гладот во светот. Без нејзин ангажман и логистика, поддржана од меѓународни невладини организации и околу 60 влади, воопшто не би било можно брзо пружање поддршка во случаи на големи катастрофи, како цунами во 2004. и земјотресите во 2010. на Хаити и 2015. година во Непал.

Честитки упати и Борис Џонсон. Велика Британија е горда на својата поддршка на Светската програма за храна во спасувањето човечки животи, напиша британскиот премиер на Твитер. А она што не го кажа е следново: Велика Британија ги преполови своите уплати за Светската програма за храна, лани Лондон издвои околу 700 милиони долари, а за 2020 придонесот го намали на 335 милиони долари. 

Реклама