1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По нови заби во Босна и Херцеговина

Александра Славниќ/ Симе Недевски24 октомври 2014

Големиот потенцијал во областа на денталниот туризам на Босна и Херцеговина не се искористува колку што е можно. Странските пациенти и биле чести гости ако зад сето стои сериозно организиран здравствен туризам

https://p.dw.com/p/1DYaI
Фотографија: DW/A. Slavnic

Одењето на заболекар е составен дел од годишниот одмор на секој босанско-херцеговски гастарбајтер. Стоматолозите велат дека нивната работа полека се претвора во сезонска, бидејќи за време на летните месеци има многу пациенти, па тогаш работат и по 13 часа на ден.

Добриот глас на далеку се слуша, па не е реткост и странци по препорака на пријатели да доаѓаат во Босна и Херцеговина по „нови заби“. Некои би рекле дека токму тоа е голема шанса, но и проблем. Секторот за здравствен или во овој случај дентален туризам во БиХ, целосно е неорганизиран. Од оваа можност многумина би можеле да имаат полза, вели стоматологот Вања Крсмановиќ од Бања Лука. „Ние не сме туристички работници, туку здравствени. Се обидов да ја рекламирам својата ординација во некои земји од ЕУ, но без некој поголем успех. Германците, Швеѓаните или Британците пред се’ сакаат да знаат каде одат, се прашуваат дали БиХ е сигурна земја. Комплетен производ, од превоз, сместување до разни туристички содржини, е нешто со што се занимаваат агенциите и туристичките организации.“

Цените до пет пати пониски, а услугата врвна

Zahnarztpraxis Banjaluka
Фотографија: DW/A. Slavnic

Она што е највајжно е врвниот квалитет на услугата. Таа е загарантирана, вели стоматологот Крсмановиќ. „Опремата која ја имаме ја користат и ординациите во Германија и во Швајцарија. На пример, мојата ординација има најмодерен апарат за брза изработка на круни, кои се готови за 24 часа. Голем број здравствени установи кај нас располагаат со најсовремена опрема.“

Сунчица Фрањиќ, која веќе неколку години живее во Цирих, во Швајцарија никогаш не била на заболекар. Но таа и нејзиниот сопруг имаат свој стоматолог во Бања Лука. „За среќа, протетика се’ уште не ни е потребна, правиме само поправки. Штом ќе дојдеме на одмор одиме на редовна контрола. Една пломба во Швајцарија би не чинела 200 до 300 франци, а во БиХ најмногу 50 конвертибилни марки. Она што е уште поважно е тоа што сме задоволни. Не верувам дека во Цирих би добиле подобра услуга. Нашите стоматолози во Босна се одлични стручњаци“, вели Сунчица.

Освен оние од дијаспората, се’ повеќе пациенти доаѓаат во БиХ само за да посетат заболекар. Стоматолозите пак, поради лошата организација, во пронаоѓање на странски пациенти, се препуштени самите на себе. „Ни се исплатува на пациентот да му платиме хотел ако има поголема интервенција во нашата ординација. Тоа и го имаме направено неколку пати’, додава стоматологот Крсмановиќ,

„Стоматолошките услуги да се внесат во туристичката понуда“

Од другастрана, некои стоматолози не сакаат да се впуштат во слични потфати. Велат дека ваквиот вид работа е премногу ризичен. Потребна е поддршка од офиијалните институии и посредничка улога на туристичките агенции, за сите да бидат заштитени, вели доктор Петко Крчиќ.

„Тоа е меч со две сечила. Ние самите можеме да доведеме определен број странски пациенти, но ако случајно се случи нешто непредвидено, некој инцидент, се доведуваме себеси во голема опасност да ја загубиме лиценцата“.

Крчиќ уште пред десет години се обидел да воспостави соработка со туристичките работници, за да биде организирана оваа оласт но без успех.

И во Туристичката организација на Бања Лука се согласни дека е неопходно овој сектор системски да се уреди. Тие се свесни дека многу земји сериозно му пристапуваат на денталниот туризам бидејќи од него не профитираат само здравствените организации. Младен Шукало, самостоен стручен соработник во оваа организација, го наведува примерот на Унгарија, која дава сувенции за ваквиот вид туризам.

Zahnarztpraxis Banjaluka
Фотографија: DW/A. Slavnic

„Многу земји го препознаа потенцијалот на денталниот туризам и сериозно се занимаваат со него. Јас ги повикувам сите наши стоматолози да нѝ се јават, да нѝги достават своите понуди и ценовници а ние тие информации ќе ги прошириме преку своите канали“ вели Шукало.

„По заболекарот, во туристичка обиколка“

„Она што е важно е странските пациенти да заминуваат задоволни од Босна и Херцеговина. За врвна услуга плаќаат и до пет пати пониска цена отколку во својата земја. Сепак, повеќето ќе се осмелат на ваков потфат само кога има доверлив посредник“.

„Швеѓаните на пример и веруваат на сопствената агенија, тоа е јасно. Кога нашите туристички оргаизации би креирале понуда и би воспоставиле соработка со агенции во странство, тоа би било многу полесно“, објаснува Крсмановиќ.

„Без оглед на конкуренцијата во опкружувањето, пред сѐ во Хрватска која како членка на Европската унија е многу попримамлива за странските пациенти, БиХ и натаму има големи шанси. Шукало истакнува дека Босна и Херцеговина, како сѐ уште неотркриена дестинација за многумина во денталниот туризам е конкурентно способна, пред сѐ поради цените и квалитетот на услугите.