По две години корона: Шопинг без маски | Информации и анализи за Германија | DW | 04.04.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

По две години корона: Шопинг без маски

Носењето маска во продавница е обврска веќе две години. Од денеска во најголемиот дел од трговијата на мало во Германија веќе не важи обврската за носење маски.

Шопинг без маска - тоа од денеска е можно во голем дел од продавниците во Германија. Супермаркетите, дисконтите и други придавници денеска, по цели две години пандемија, ги отворија своите врати за купувачи без заштитни маски.

Сојузот и покраините неодамна ги олабавија мерките за борба против пандемијата. Со оглед на тоа што покраините може да носат одлуки согласно својата ситуација со пандемијата, Хамбург и Мекленбург Предна Померанија се решија да ја задржат обврската за носење маски, врз основа на т.н. хотспот-правило.

Обврската за носење маски во продавниците важи од пролетта 2020 година. Сега укинувањето на ова правило предизвикува измешани чувства во земјата.

Deutschland | Coronavirus - Maskenpflicht im Einzelhandel entfällt

Гелзенкирхен: На дисплеј во центарот на градот се укажува на завршувањето на обврската за носење маски

Синдикатот Верди изрази загриженост за здравјето на работниците во трговијата на мало. Критички гласови има и кај работодавачите.

Истражувањето на Сојузот на трговијата во покраината Баварија покажа дека за завршување на обврската за носење маски се 50,4% од трговците, додека 39,2% сметаат дека укинувањето на маските е исправно. Трговците имаат право и самите во своите продавници да се одлучат за задолжително носење маски, но во Баварија тоа ќе го сторат само 11,7% од продавниците. Тоа е така, затоа што трговците се плашат дека ако се одлучат за задолжително носење маски, тоа може да се одрази врз прометот и бројот на муштерии.

Deutschland | Coronavirus - Maskenpflicht im Einzelhandel entfällt

Сојузот на трговците во Германија смета дека дел од муштериите сепак ќе се одлучат и натаму да носат маски при купување

Обврска - не, препорака - да

Што се однесува до големите трговски ланци, купувачите веќе не мора да носат маски во Реве, Лидл, Алди и Едека, потоа во Икеа, Х&M, Прајмарк и други. Меѓутоа, во сите овие ланци останува препораката до вработените и муштериите да носат маска.

- повеќе: Германија: Стапува во сила обврската за вакцинирање во здравството

Сојузот на трговците во Германија нагласува дека отсекогаш било јасно оти обврската за носење маски некогаш ќе биде укината, односно веќе нема да важи од моментот кога политиката и експертите ќе сметаат дека тоа може да се направи. Раководителот на Сојузот, Штефан Гент, сепак смета дека маските и натаму ќе се носат во голем дел од продавниците. „Сметаме дека муштериите ќе се однесуваат одговорно и дека и натаму ќе носат маски при купувањето. Мнозинството се навикна на маска и веќе не ја смета за преголемо ограничување“, вели Гент.