Почината пациентка од Ковид-19 му отвори работа на обвинителството | Северна Македонија | DW | 29.03.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Почината пациентка од Ковид-19 му отвори работа на обвинителството

Имало ли лекарски пропуст во третманот на четвртата жртва од коронавирусот во Северна Македонија? И обвинителтвото и министерството за здравство најави ревизија на случајот со пациентката од Струга

Охридското јавно обвинителство ќе ги истражува околностите на смртта на 66-годишна жена од Струга која почина во саботата од последиците на коронавирусот. Таа е четвртата жртва на пандемијата во Северна Македонија, но прва која воопшто не добила лекарска грижа.
Заклучно со 28 март, во земјата се регистрирани вкупно 241 заразени со коронавирусот.
Стружанката, која имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок, добила препорака од својот матичен лекар да биде хоспитализирана на Инфективното одделение во охридската болница, но таму не била примена. Зошто се случило тоа, ќе истражува и Министерството за здравство. Оттаму соопштија дека кај починатата жена и нејзиниот сопруг бил откриен коронавирус во петокот. Состојбата на жената нагло се влошила истиот ден и таа починала во саботата. 
Вчера беа регистрирани 22 нови случаи на Ковид-19. Најголемиот број- 9 се од Скопје, по три во Куманово и Струга, по два во Тетово, Дебар и Прилеп, и еден во Битола.

DW.COM

Реклама