Потсмевот на злите кловнови | Свет | DW | 20.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Потсмевот на злите кловнови

Правото на режимската телевизија да ја злоупотребува националната фреквенција е Ваше право да го слушнете гугуткањето на двајцата воени злосторници и глупавото церекање на остатокот од друштвото во студиото.

По живото телефонско вклучување на Ратко Младиќ во утринската програма на телевизијата Хепи во петокот, публиката остана во дилема: дали навистина Младиќ последниот пат го одрал со 7:1 Воислав Шешељ во шах? Тоа го тврдеше гласот на Младиќ, додека Шешељ, присутен во студиото во надприродна големина, рече дека навистина загубил, но не баш така убедливо и дека концентрацијата во текот на тој епски дуел му ја реметело присуството на сопругата.
Се работи за ситуација збор против збор, и прашање на која од двете морални величини да им се верува: онаа која ќе окапе во затвор затоа што командуваше со најстрашното злосторство на европско тло по Втората светска војна и најголем српски срам во историјата? Или на оваа другата, правосилно осудена поради ширење омраза и вршење злосторства, која најверојатно и ќе умре во студиото на телевизијата Хепи, бидејќи и не е на ниедно друго место?
Штета што неизбежниот Миломир Мариќ, во чија емисија беше сместено муабетењето на воените злосторници, не се сети да праша дали тој хашки шах се играл со фигури од човечки коски? Но, треба да се разбере и Мариќ, се возбуди по целото тело поради ексклузивата, па само стигна да му се заблагодари на „генералот“ за поздравите.
Правото на режимската телевизија да ја злоупотребува националната фреквенција е Ваше право да го слушнете гугуткањето на двајцата воени злосторници и глупавото церекање на остатокот од друштвото во студиото.
Делува исчашено што само два дена претходно во интервјуто за ДВ Ана Брнабиќ рече дека осудените воени злосторници немаат ништо со српските власти- добро, можеби малку предаваат по Воената академија и по малку со парите на даночните обврзници им се објавуваат партали кои ги нарекуваат книги, но тоа се веројатно тривијалности.
„Сакате да ги затвориме некаде во Србија и повеќе никој да не им го види лицето“, го праша Брнабиќ водителот.
Нејзините нелогични одговори би требало во брзи редови да се комбинираат со идиотското потсмевнување на екипата во студиото на Мариќ.
Тоа е потсмев за премиерката која се мачи да го одбрани неодбранливото. Тоа е потсмев за мртвите во Сребреница, масовните гробници, тракторските колони... Тоа е потсмев за граѓаните на Србија кои го финансираат собирањето на злосторниците по националните фреквенции, тој сите танц на злите кловнови во циркуската претстава. Тоа се изопачените заби на режимот.

DW.COM

Реклама