Последиците од невремето на Халкидики снимени со дрон | Панорама | DW | 12.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Последиците од невремето на Халкидики снимени со дрон

Грчката влада понуди помош за санирање на последиците од големото невреме кое го зафати туристичкиот регион Халкидики во средата. Седум лица загинаа, а 23 се уште се на лекување по бурата.

Седмата и последна жртва на невремето на Халкидики е локален рибар кој останал на отворено море за време на големата бура. Според локалните жители, невремето траело само околу 20 минути, но ветровите со брзина од над 100 километри на час и поројниот дожд предизвикале огромна штета.

Повеќе од 120 луѓе, претежно туристи, побарале медицинска помош, а 23 се уште се на лекување во локалните болници, меѓу нив и една 72 годишна жена која е во критична состојба.

Повеќе патишта на полуостровот се уште се отсечени поради паднати дрвја и искинати електрични кабли, а портпаролот на грчката влада соопшти дека ќе бидат потребни најмалку два дена за да се нормализира состојбата и целиот регион повторно да добие струја.

Грчката национална метеоролошка служба соопшти дека во невремето кое зафати повеќе делови на земјата во средата биле регистрирани повеќе од 5.000 молњи. 

Погледнете повеќе во видеото: 

Гледај видео 02:21

Снимки од дрон на невремето на Халкидики

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама