1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Пустош по невремето на Халкидики, нема повредени Македонци

БГ
11 јули 2019

Грчките власти потврдија дека шест лица загинале во големото невреме кое синоќа го зафати туристичкиот регион Халкидики. Повредени се повеќе од 65 луѓе

https://p.dw.com/p/3LtI6
Schweres Unwetter in Nordgriechenland
Фотографија: picture alliance/dpa/InTime News/G. Moisiadis

Шест лица загинале, а најмалку 65 се повредени во бурата проследена со силни ветрови и пороен дожд која синоќа го зафати регионот на Халкидики и Северна Грција. Според грчките власти, 35 од повредените се хоспитализирани. Бурата рушела дрвја, превртувала автомобили и предизвикала голема материјална штета.
Двајца од загинатите ги загубиле животите откако ветрот го превртел нивното возило, додека две лица- мајка и нејзиното малолетно дете загинале откако врз нив паднал кров од ресторан. Преостанатите две жртви настрадале од паднати дрвја.
Во регионот е прогласена вонредна состојба. Денеска состојбата е мирна, а екипи работат на терен на санирање на штетите.
Според македонското Министерство за надворешни работи, во невремето нема настрадани македонски државјани.

Schweres Unwetter in Nordgriechenland
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Moisiadis

Погледнете повеќе во видеото: 

Невремето остави пустош на Халкидики