1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Portugal Außenminister Augusto Santos Silva
Фотографија: João Carlos/DW

Португалија ги демантира бугарските медиуми

ДТЗ
29 јуни 2021

Лисабон смета дека има политички момент кој ги отежнува работите во Бугарија и сензитивни прашања поврзани со идентитетот, историјата и бугарскиот и македонскиот јазик

https://www.dw.com/mk/%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D1%83%D0%B3%D0%B0%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%80%D0%BA%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B2-%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D1%88-%D0%BD%D0%B5-%D0%B1%D0%B8-%D0%B3%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D0%BB%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%86%D0%B5%D1%81%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%BE%D1%93%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5-%D0%BC%D0%B5%D1%93%D1%83-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D0%B8-%D1%81%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0/a-58098883

„Португалија никогаш не би го загрозила процесот на изнаоѓање решение во спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Напротив, постојано се обидуваме да го олесниме“, вели во изјавата за ДВ, Марија Вирџиниа Мендес да Силва Пина, португалската амбасадорка во Република Северна Македонија. Таа ги демантира извештаите во бугарските медиуми, коишто пренесоа изјава на државната секретарка за европски прашања Ана Паула Закаријаш дека „јазикот на Северна Македонија, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на обете земји“.

„Таа спомена дека има политички момент кој ги отежнува работите во Бугарија, и дека има сензитивни прашања поврзани со идентитетот, историјата и бугарскиот и македонскиот јазик“, вели португалската амбасадорка во С. Македонија за ДВ.  

-повеќе на темата: Ќе донесат ли изборите во Бугарија решение за ветото на Софија?

Бугарското национално радио (БНР) денеска јави дека министерката на Португалија за Европа, Ана Поула Закаријаш, во разговор со новинари во Лисабон, ја опишала дебатата меѓу двете земји како „тешка“ и истакнала: „Ова е многу тешка дебата, особено за Бугарија. Таа е поврзана со историјата, културниот идентитет на двете земји, како и со идната соработка. Во моментов, тие работат на нешто што се нарекува патоказ, што ќе им помогне да соработуваат и Бугарија ќе добие гаранции дека кога Северна Македонија ќе влезе во ЕУ работите ќе се одвиваат непречено. Северна Македонија помина низ тешки преговори со Грција – сетете се дека земјата си го смени името. Но, тоа е многу тешко, бидејќи е исто така поврзано со Бугарија како култура и јазик. Очигледно е поврзано со јазикот на Северна Македонија, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на обете земји. Во Бугарија ќе има нови избори на 11 јули и мислам дека бугарските власти ги чекаат резултатите пред да одлучат како да постапат“.

Министерката Закаријаш, чија земја на 1 јули ќе го предаде ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ, очекува дека Словенија, како претседавач во наредните шест месеци и како земја од регионот, ќе помогне да се најде решение за проблемот со С Македонија. Според БНР, таа истакнала дека позицијата на Бугарија мора да се почитува и нагласила дека не треба да се внесуваат несогласувања во ЕУ.

-повеќе на темата: Рот: Договорот од Берлин е основата на португалскиот предлог

Премиерот Зоран Заев најави дека службите во Министерството за надворешни работи ќе ја проверат автентичноста на изјавата на португалската министерка за Европа, Ана Поула Закаријаш, во која вели дека македонскиот некогаш бил дел од бугарскиот јазик, па ќе реагира соодветно.

На прашање дали и по ваквата изјава смета дека португалскиот предлог за решавање на спорот со Бугарија е сè уште добар, премиерот вели дека во него Португалија не зазема страни и потсетува дека тој содржи изјави и на двете страни кои даваат свои толкувања за спорните прашања. „Португалскиот предлог е јасен и е добра основа за двете страни за решение. Португалскиот предлог нуди решение, но не зазема страни внатре. Во самиот португалски предлог во преговарачката рамка е решено преводот на европското законодавство да биде на македонски јазик. Секако, и двете страни имаат изјави, каде што веројатно министерката направила толкување за бугарски медиум или слично, што ќе биде проверено преку стручните служби во МНР за автентичноста на тоа што е кажано, и МНР соодветно ќе реагира во јавноста“, изјави Заев.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Зградата на владата на Република Северна Македонија

Инаетот како главен енергенс

Mazedonien DW-Korrespondentin aus Skopje, Katerina Blazevska
Катерина Блажевска
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница