Политичко убиство кое ја потресе Германија | Информации и анализи за Германија | DW | 02.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Политичко убиство кое ја потресе Германија

На 2 јуни 2019 година е убиен демохристијанот Валтер Либке. Најверојатно го убил десничарски екстремист. Овој чин се смета за симптом на општествената клима во која има растечки расизам.

Жртвата немала никакви шанси да му избегне на Штефан Е., осомничен за убиство. Според информациите на Државното јавно обвинителство на Германија „тој во теминината од ноќта се прикрал до куќата на др. Валтер Либке кој во тој момент бил на терасата.“ Во покренатото обвинение во април 2020 година понатаму стои: „Штефан Е. се прикрал до него и од непосредна близина му пукал во главата со револвер од марката ’Роси’’’. Претседателот на округот Касел во сојузната покраина Хесен им подлегна на повредите во раните утрински часови.

Околностите поврзани со целиот чин потсетуваат на ликвидација. И така би требало да се третира. Овој 66-годишен политичар од ЦДУ од 2015 е омразена фигура во радикалните десничарски кругови бидејќи се залагал за прием на бегалци, кои во тоа време во голем број доаѓаа во земјата. Во што се разликува смртта на Либке од останатите жртви убиени од десничарски екстремисти и терористи: овојпат цел беше политички претставник на државата. Пред тоа жртвите биле баратели на азил или мигранти.

Валтер Либке е убиен точно една година по завршувањето на спектакуларниот кривичен процес против Националсоцијалистичкото подземје (НСУ). Во јули 2018 година на доживотна робија е осудена Беате Чепе обвинета за особено тешки злосторства: десет убиства и два бомбашки напади испланирале и ги извршиле Чепе и нејзините двајца пријатели истомисленици, кои во 2011 се пронајдени мртви – Уве Бернхард и Уве Мундлос.

Околностите слични на серијата убиства на НСУ

Пресудата не делуваше застрашувачки – напротив. И колку тоа да изгледа необично, Валтер Либке го загуби животот на ист начин како и жртвите на НСУ – девет мажи со мигрантско потекло и една полицајка, Мишел Кизеветер. И таа е убиена од непосредна близина. Додека жртвите на НСУ не можеа ни да претпостават што им се подготвува, политичарот на ЦДУ беше свесен дека е на нишан на десничарската сцена која е подготвена на се.

Мејловите со смртни закани беа дел од неговото секојдневие откако во 2015 година отворено се стави на страната на партиската пријателка и канцеларка Ангела Меркел. Конкретен мотив пак било планираното воспоставување на сместувачки капацитет за бегалци во градот Лофелден на северот на Хесен. На средба со граѓани во градското собрание, Либке го бранеше проектот додека истовремено 14.000 граѓани на ова гледале скептично или биле против.

Мотивот: расизам и омраза кон странци 

Осомничениот Штефан Е., според неговото признание, бил на таа жестока расправа. Недолго откако тоа го потврди го повлече неговото признание дека сторил злосторство. Обвинителот, меѓутоа, е сигурен дека е уапсено вистинското лице. Тој смета дека одлучувачки фактор за да изврши убиство е неговото „расистичко, ксенофобно и националистичко убедување“.

Повеќе:

-Осомничениот убиец на германскиот политичар Либке го призна делото

-Смртни закани од неонацисти за политичари во Германија?!

-Десничарски терор: Отров во сопствената земја

Притоа на Штефан Е., смета обвинителот, му било важно со „убиството јавно да покаже оти не го прифаќа државното уредување“. Осомничениот убиец ја постигна својата цел. Тезата која во десноекстремистичкото милје постојано повторува - дека зборовите мораат да следат и дела - за Валтер Либке имаше смртоносни последици. Неговото име, наводно, со години било на т.н. „список на непријатели“ кој кружи во оваа сцена, исто како кога станува збор за НСУ-тројката кога во 1998 година почна да се крие, кога отидоа во подземјето.

Борбата против стари и нови нацисти сега е приоритет

И покрај тоа што многу порано за тоа имаа сознание, политичарите и државните служби долго ја потценуваа опасноста од десничарскиот екстремизам. Тоа се промени дури по убиството на Валтер Либке, но и по нападот на синагогата во Хале, во покраината Саксонија Анхалт во окомври минатата година. За кусо време, германската Сојузна влада претстави сеопфатен план против десничарскиот радикализам. Колку беше тоа неопходно покажа и статистиката на политички мотивирани кривични дела која на 27 мај ја објави Сојузната криминалистичка служба. Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер (ЦСУ) во таа прилика го користеше терминот „долга крвава трага“ на десничарските екстремисти.
Во тоа не спаѓа, не помалку важен, атентатот од Ханау на 19 февруари 2020 година, кога беа убиени 10 лица. Еден месец подоцна, германската влада формираше одбор за сузбивање на десничарски екстремизам и расизам, кој покажува дека борбата против старите и новите нацисти, по долго колебање, сега стана приоритет.

Организациите кои веќе подолго време се борат против десничарското насилство ги пофалија најновите иницијативи на владата во Берлин. Тимо Рајнфранк од Фондацијата Амадеу Антонио, наречена по една жртва на расизам, исто така, бара во работата на владиниот одбор да се вклучат и оние кои трпат насилство поради омраза, како и цивилното општество и наука.Овен тоа, Рајнфранк се залага за јасни цели: во наредните 5 години да се преполоват политички мотивираните кривични дела кои ги сториле десничарите. Во новиот претставен извештај, од 41.000 случаи, 22.000 се кривични дела од десничарски екстремисти.