1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Deutschland | Coronavirus | Geschäft & Schild
Фотографија: Peter Kneffel/dpa/picture alliance
Здравје

Нови ковид-мерки во Германија

СН/агенции | АРД
8 јануари 2022

На состанокот на сојузната и владите на германските покраини беа усвоени нови правила прилагодени на актуелната пандемиска ситуација. Тие се однесуваат на гастрономијата, задолжителната вакцинција, карантинот...

https://www.dw.com/mk/%D0%BF%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%BA-%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BA%D1%80%D0%BE%D0%BD-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%B4-%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%BA%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0/a-60367188

Во Германија штотуку заврши Делта-бранот на пандемијата. Но, сега бројките повторно се зголемуваат, на повеќе од 300 нови инфекции на сто илјади жители дневно. И тука, како и во многу други европски земји, се шири многу заразниот сој Омикрон, иако можеби со помала брзина отколку на други места. Властите, по нецели две недели реагираа со нови прилагодени мерки:

Заострени правила за гастрономијата

На територијата на цела Германија, само оние кои се вакцинирани и заздравеле од коронавирусот со негативен тест кој важи само тој ден или оние кои примиле бустер доза од вакцината, ќе им биде дозволено да посетуваат ресторани, барови, пабови и кафулиња. Кога ќе стапи на сила ова правило ќе се реши за кус рок.

Препорака за носење ФФП2 маски

Во продавниците и во јавниот превоз итно се препорачиува носење на ФФП2 маска. Овие маски треба да се носат во затворени простории и за време на средби со други лица, стои во одлуката.

Автобус за вакцинирање: Трка со времето

Ограничување на контактите

Ограничувањето на контакти нема да биде заострено. И натаму се дозволени приватни собири на вакцинирани и оние кои заздравеле во групи од најмногу 10 лица. Во случајот за невакцинираните лица, можат да се сретнат само членовите на исто домаќинство и најмногу две лица од друго домаќинство.

Скратување на карантинот

Порано периодот на карантин и изолација изнесуваше 14 дена. Ни во случај на инфекција со сојот Омикрон немаше исклучоци за вакцинираните, оние со бустер доза и излечените лица. Тоа сега се менува.

Повеќе:Германија: Корона-политика со одмерени мерки

Во иднина, оние кои примиле бустер вакцина карантинот би можел целосно да се исклучи. Ова, исто така, се однесува на оние кои се во брзо време вакцинирани или штотуку оздравени. За сите останати изолацијата и карантинот завршуваат по 10 дена. Контакт лицата и оние кои се заразени, ако сакаат да го скратат карантинот, мораат да се тестираат по 7 дена со ПЦР или со брз тест.

Во болниците, домовите за стари и изнемоштени лица изолацијата ќе може да заврши дури по 7 дена со ПЦР тест. Работата во струката може да продолжи ако лицето 48 часа претходно немало никакви симптоми.

За учениците, како и за децата во градинките (за лицата кои имале контакт со заразени) може да се прекине по пет дена со негативен ПЦР или брз тест, а изолацијата за инфицираните по 7 дена со тестирање.

Работа од дома

Од работодавачите и вработените се бара да се овозможи што е можно повеќе работа од дома во наредните неколку недели. Се укажува и на обврската за работа од дома, онаму каде што е тоа изводливо.

Кина, театри, дискотеки

Пристап до кината, театрите и малородажните објекти и натаму е можен само за вакцинираните и заздравените. Клубовите и дискотеките се затворени, а забранети се и танцови манифестации.

Задолжителна вакцинација

Во одлуката е нагласена потребата за задолжителна вакцинација. Временската рамка не е наведена, но таа, како што стои во документот, „наскоро“ треба да се одреди.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Зградата на владата на Република Северна Македонија

Инаетот како главен енергенс

Mazedonien DW-Korrespondentin aus Skopje, Katerina Blazevska
Катерина Блажевска
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница