Поддршката за владата на Меркел на рекордно ниско ниво | Свет | DW | 19.10.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Поддршката за владата на Меркел на рекордно ниско ниво

Поддршката за владејачките партии во Германија се рони, додека расте за Зелените и десноекстремната АфД. Дел од граѓаните се загрижени, но мнозинството верува дека промените се во корист на демократијата.

Партиите на Унијата, Христијанско демократската на канцеларката Ангела Меркел, сестринската баварска  Христијанско социјална унија и Социјалдемократската партија натамошно ја губат наклоноста кај населението. Доколку сега би се одржувале избори, Унијата, според најновата анкета на Првиот канал на јавниот телевизиски сервис, АРД - Дојчланд тренд, би добила 25 проценти, а СПД - 14 проценти од гласовите. За двете партии тоа е најлошиот резултат од почетокот на сондирањето на расположението кај гласачите преку оваа анкета. За Алтернатива за Германија би гласале 16 проценти од испрашаните, со што партијата уште е позиционирана пред СПД. Зелените бележат пораст на поддршката- за нив се изјасниле 19 проценти, највисок резултат од септември 2011 година; Левица би стигнала до 9 проценти и Либералите на 11 насто.  Во целина, партиите на владејачката коалиција би добиле само 39 проценти од гласовите.

Анкетата на АРД покажува истовремено дека половина од германските граѓани со загриженост го следат падот на значењето на народните партии - 51 процент се загрижени дека еродирачката поддршка за ЦДУ, ЦСУ и СПД може да ја загрози политичката стабилност во земјата. Наспроти нив, 47 насто од граѓаните не ги делат ваквите стравувања: од новите односи на моќта со повеќе помали до средно големи партии, тие очекуваат да дојде до пошироки политички дебати.

DW.COM

Реклама