План од четири точки за Венецуела | Свет | DW | 08.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

План од четири точки за Венецуела

Кризата во Венецуела може да се реши во четири етапи, сметаат Мексико и Уругвај. Нивниот план е амбициозен и важен за иднината на целиот континет - под услов да функционира.

Веќе ништо не функционира во Кукута: контејнерите и танкерите го блокираат граничниот премин „Лас Тиендитас“ помеѓу колумбискиот град Кукута и венецуелскиот Сан Антонио. Сликата во меѓувреме е симболичен приказ на актуелната внатрешнополитичка ситуација во Венецуела со двајца претседатели и два парламента.

Опозицијата во Венецуела не го признава вториот мандат на социјалистичкиот претседател Николас Мадуро, меѓу другото и поради тоа што владините органи ги исклучија од трката противкандидатите кои добро котираа. Од друга страна, социјалистите на Мадуро го обвинуваат за обид за пуч граѓанско-конзервативниот противник, претседателот на парламентот Хуан Гуаидо, бидејќи кратко по започнувањето на вториот мандат на Мадуро, на почетокот од годинава, тој се самопрогласи за преоден претседател.

Населението со години живее во голема сиромаштија, поради што Гуаидо вети дека како итна мерка веднаш ќе добие хуманитарна помош од Колумбија, Бразил и Карибите. Но Мадуро не дозволува помошта да влезе во земјата. Наводно, стравува дека наместо храна и лекови во Венецуела ќе влезат трупи за интервенција. Со блокадата на границата тоа треба да се спречи.

Повеќе: 

Венецуела и можноста од судир поради хуманитарната криза

Признавањето на Гуаидо не менува многу

Во Венецуела не е можна воена диктатура

План од четири фази

Сега Монтевидео се обидува да ја придвижи ситуацијата. Освен домаќините Уругвај, ко-иницијаторот Мексико, и други земји од Латинска Америка се приклучија кон иницијативата. Мексико и Уругвај развија план во четири фази, кој треба да биде механизам за надминување на кризата: во првата фаза треба да се создадат услови за непосреден дијалог помеѓу двете инволвирани страни. Во преговорите треба да се разработат точки за кои постои несогласување. Во третата фаза треба резултатите од преговорите на кои се обврзале да се стават на хартија, и во четвртата фаза постигнатиот договор треба да се спроведе. Планот звучи едноставно, но реалноста е компликувана.

Venezuela Grenzübergang zu Kolumbien Tienditas Brücke bei Cucuta (Getty Images/AFP/E. Estupinan)

Блокираниот мост на Лас Трендитас во меѓувреме е симбол за политичката блокада во Венецуела

Голема недоверба кај опозицијата

Прво, постои недоверба кај венецуелската опозиција, која по два неуспешни обида за медијациски преговори – еднаш со посредство на Ватикан, еднаш со тогашниот шпански премиер Запатеро – излезе како губитник. Мадуро го искористи даденото време за да му ја одземе јурисдикцијата на парламентот и да ги диктира условите за контроверзните избори кои следеа потоа.

Притоа, има и сомнеж за независноста на Мексико и Уругвај. Новиот претседател на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор и покрај жестоките протести го покани Мадуро на својата инаугурација во Мексико. Сликите кои дојдоа од таму воопшто не оставаат впечаток дека Лопез Обрадор застапува неутрална позиција кон Мадуро, кој официјално го зазема, напротив тие беа многу пријателски настроени еден кон друг.

Тоа што Мадуро веднаш го прифати планот од Монтевидео дополнително ја зголеми недовербата кај опозицијата. Задршките на венецуелската опозицијата ѝ се добро познати на мексиканската влада. Министерот за надворешни работи Марсело Ебрард се обиде да ги отфрли ваквите стравувања: „Мексико не поддржува ниту една од двете страни, туку застапува неутрална позиција. Најважно од сѐ е да има дијалог, бидејќи на крај страдаат луѓето."

Сепак Гуаидо не го прифаќа тоа. Во едно писмо до Мексико и Уругвај ги предупреди двете земји дека неутралност во овој конфликт всушност значи дека застанале на страна на еден режим од кој стотици илјади луѓе западнаа во сиромаштија и мизерија.

Mexico Amtseinführung Obrador Pose mit Maduro (Reuters/Miraflores Palace)

Контроверзен гостин: Николас Мадуро во декември 2018 година беше поканет на инаугурацијата на мексиканскиот претседател Лопез Обрадор

Решение без суперсили

Но, во Монтевидео повеќе работи се во игра отколку само иднината на Венецуела. Се работи и за тоа дали политичките и дипломатските сили на Латинска Америка се во состојба сами да решат една ваква длабока криза. Тоа би бил голем чекор напред за независноста на регионот во однос на идните конфликти. Една клучна улога во тоа може да има поранешниот претседател на Уругвај, Хозе Мухика. Овој политичар од левицата ужива голема почит кај латиноамериканските левичари. Притоа, тој веќе се изјасни дека решение се нови избори под силен меѓународен мониторинг.

И Европа има многу да направи во уругвајскиот главен град. Специјалната пратеничка на ЕУ, Вероник Лоренцо треба да ги застапува интересите на Европската унија, но досега ЕУ не може да договори заедничка позиција по ова прашање. Италијанската влада не сака да го признае Гуаидо како преоден претседател, Германија, пак, е на страната на Гуаидо и неговиот план за нови избори. Ако на ЕУ не ѝ успее во Уругвај да зборува во еден глас, тогаш нејзиниот глас во регионот ќе има сѐ помало влијание. Тогаш Вашингтон, Москва и Пекинг ќе одлучуваат за иднината на Венецуела, при што најбогатата земја со нафта во светот ќе стане играчка за геополитичките интереси на суперсилите САД, Русија и Кина.

DW.COM

Реклама