Пепелта на Мати: Огнената стихија ja опустоши грчката населба | Свет | DW | 24.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Пепелта на Мати: Огнената стихија ja опустоши грчката населба

Во еден од најстрашните шумски пожари во Грција по повеќе од една деценија загинаа десетици луѓе, меѓу нив и деца. Властите јавуваат и за преку 170 повредени лица. Особено тешко погодено беше приморското место Мати.

Тешка тишина, изгорени шасии од автомобили и јагленосани остатоци од животни во Мати, малиот крајбрежно место источно од Атина, кое денеска беше слика на пустош прекриен со пепел.

Во пожарите загина 60 луѓе од оваа област, соопштија властите, половина од нив на иста парцела. Изгорените тела на последните жртви беа пронајдени во групи од четири или пет, вели Василис Андриопулос, спасувач од Црвениот крст во Мати. „Можеби тоа се семејства, или групи пријатели или непознати кои се обидувале да си помогнат во очајничкиот обид да стигнат до морето кое е одалечено само 30 до 40 метри“, вели Василис, додавајќи дека во групите имало и мали деца

Спасувачот смета дека додека бегале од пламените јазици, групите веројатно се нашле заробени меѓу пожарот од една и работ на 30 метри високата карпа.

Младо девојче, кое скокнало од карпата за да се спаси од оганот, загинало, раскажуваат сведоци.

Во текот на ноќта фотографот на новинската агенција Франс прес открил тела на четири луѓе, кои веројатно исто така сакале да побегнат од пожарите, три од нив под еден автомобил а едно тело под моторцикл.

Утрината, жителите почнаа да се враќаат за да ја проценат штетата. Некои сѐ уште ги бараа своите исчезнати сакани. Една жена ја бараше својата ќерка, друга својот сопруг и син- што е индикација дека билансот на загинати може дополнително да се влоши. 

Гледај видео 01:40

Огнен пекол во Грција

Главната улица е претворена во сцена на пустош. Боровите дрвја околу куќите се оцрнети, морето е сиво и  смрдеа на чад има насекаде. Авионите за гаснење пожар повремено надлетуваат, запалени автомобили има насекаде на улицата, како и неколку мртви кучиња.         

65-годишната пензионерка Стела Петриди имала пет кучиња. Била во црква кога го забележала надоаѓачкиот оган, и побрзала дома, каде што тие биле заклучени. Но никогаш не успеала да ја отвори вратата од нејзиниот дом, кој веќе бил во пламен.

Таа отрчала до плажата каде спасувачите заедно со други луѓе во раните утрински часови  ја земале и ја префрлиле во Рафина, гратче малку подолу по брегот.

„Мати исчезна“, вели градоначалникот на Рафина, Евангелос Бурнус. 

Десетици луѓе кои останаа без своите домови, пронајдоа засолниште во гимназијата, чиј директор Рафи Зерониен се врати порано од одмор за да ги пушти внатре. Пожарникарите јавија дека пожарот напредувал со „брзина на светлината“, изненадувајќи ги мештаните.

„Видов како пожарот се движи надолу по ридот околу 18 часот и пет или десет минути подоцна веќе беше во мојата градина“, вели 60-годишната Атанасија Октаподи, чија куќа, како многу во Мати, е опкружена со лесно запалливи борови дрвја.

„Тие  се запалија. Трчав како луда, стигнав до плажата и ја ставив главата во вода. Потоа дојдоа патролните чамци“, раскажува таа.

Повеќето преживеани стоеја во вода со часови, гледајќи како гори нивниот град.

53-годишната Лела Демерци, исто така беше спасена откако успеала да стигне до плажата, носејќи ја мајка си на грбот. „Сопругот остана зад нас и стори сѐ за да ја спаси нашата викендица и успеа“, раскажува Лела.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас меѓутоа ги повика жителите на Мати, да ја остават зад себе сета материјална сопственост за да се спасат себе си. Запалливите борови дрвја овозможија пожарот брзо да напредува, исто како и контејнерите со гас во викендиците кои експлодираа поради големите температури на пламените.

Алина Марцин, туристка од германскиот Вупертал, со семејството чекала во хотелскиот ресторан на самиот морски брег до 1:30 наутро за да биде спасена, постојано стравувајќи дека пожарот ќе ги искрши прозорците.

Тие првобитно планирале од Рафина да одат на островот Наксос, но откажале сѐ. „Каков ужасен одмор“, вели Алина. 

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама