1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Nord-Mazedonien Skopje | Staatspräsident  - Stevo Pendarovski
Фотографија: Press Office of the President of the Republic of North Macedonia

Пендаровски контра Османи за измени на Уставот

ДТЗ
5 март 2021

Од Владата велат дека досега во преговорите со Бугарија не е разговарано бугарската етничка заедница да биде вметната во Уставот и дека нема такво барање.

https://www.dw.com/mk/%D0%BF%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%82%D1%80%D0%B0-%D0%BE%D1%81%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82/a-56788317

Нема потреба од измени на Уставот. Досега во преговорите со Бугарија не е разговарано бугарската етничка заедница да биде вметната во Уставот и такво барање досега немало. Со вакви ставови излегоа денеска претседателот Стево Пендаровски и Владата, откако министерот за надворешни работи, Бујар Османи, изјави изутринава дека нема ништо против Бугарите како етничка заедница да влезат во Уставот. 
Претседателот Стево Пендаровски не гледа потреба од какви било измени на Уставот. „Такво нешто ниту е побарано од бугарска страна, ниту претседателот очекува воопшто да се случи затоа што усвојувањето и евентуалните амандмани на Уставот се исклучиво наше суверено право и надлежност. Во овој момент, претседателот не гледа никаква потреба за какви било измени на Уставот“, велат од кабинетот на претседателот.

-повеќе на темата: Османи со нов предлог Бугарите да бидат споменати во Уставот

Со слична реакција се огласија и од Владата. Владиниот став е дека Северна Македонија е „граѓанска држава и Уставот ги гарантира правата на сите граѓани без оглед на нивната етничка припадност“.Оттаму додаваат дека етничката разноликост е тоа што ја прави земјата препознатлива во светот и со што треба сите да се гордеат. 
„Владата секогаш ќе презема проактивни активности кои се во функција на јакнење на правата на секој поединец или група. Досега во преговорите со Република Бугарија не е разговарано бугарската етничка заедница да биде вметната во нашиот Устав и нема такво барање од бугарските власти“, децидни се од Владата. 

Nord-Mazedonien Übergabe des Mandats zur Regierungsbildung
Државниот врв смета дека С. Македонија е граѓанска држава и Уставот ги гарантира правата на сите граѓани без оглед на нивната етничка припадностФотографија: DW/P. Stojanovski

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи неделава со две изјави ја разбранува јавноста, а коишто се однесуваа на бугарската етничка заедница во С. Македонија. Тој пред неколку дена им порача веднаш да ги контактираат пописните органи и да си побараат соодветна графа на претстојниот попис. Ваквата реакција на Османи следеше откако во јавноста неколку дена се води полемика околу писмото коешто културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола го испрати до бугарскиот државен врв, како и до амбасади во земјата. Во писмото испратено во пресрет на престојниот попис во април, се посочува за наводни повреди на правата на Бугарите во С. Македонија. Во него беше побарано олеснување на процедурите при добивање бугарско државјанство за оние граѓани кои на претстојниот попис во С. Македонија ќе се определат како Бугари.
Вчера Османи излезе со нов предлог. Вели дека ако треба Бугарите ќе бидат споменати во Уставот како посебна етничка заедница, иако досега никој тоа не го побарал. Тој во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека „Бугарите во Северна Македонија треба да се чувствуваат како апсолутно слободни граѓани“.

Bulgarien Bujar Osmani und katerina Zaharieva
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи неделава со две изјави ја разбранува јавноста, а коишто се однесуваа на бугарската етничка заедница во С. МакедонијаФотографија: MFA of North Macedonia

„Немам никаква резерва по однос на прашањето Бугарите да бидат спомнати како посебна етничка заедница во Уставот ако тоа им значи“, рече Османи и додаде дека официјално не чул за такво барање, ниту било разговарано за тоа.

-повеќе на темата: Нов пристап кон Бугаријa - помалку емоции, повеќе разум

За промена на Уставот е потребно двотретинско мнозинство во Собранието. Во Преамбулата на Уставот сега се споменати „македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите’.
Изјавата на Османи е дадена во период кога се финализира Акцискиот план маѓу Македонија и Бугарија за надминување на споровите поради кои Бугарија ја блокираше преговарачката рамка на С. Македонија со Европската Унија. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Конечно шини на Коридорот 8?

Пругата наречена „желба“ ќе влезе во графата - изградба

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница