Париски договор за климата: Трамп е ирелевантен | Свет | DW | 06.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Париски договор за климата: Трамп е ирелевантен

Не е изненадување што американскиот претседател сега објави откажување од Парискиот договор за заштита на климата. Во исто време, меѓународната заштита на климата е постабилна отколку што очекуваа некои, вели Јанс Турау.

Ова е повторно фронтовска позиција, каква што милуваат многу медиуми: Од една страна, научниците сè позасилено предупредуваат од последиците од климатските промени, стотици илјади млади луѓе ширум светот излегуваат на улиците и бараат да се случи нешто конечно. А од друга страна стојат игнорантни државници како американскиот претседател, кои го бранат стариот, фосилен свет и нивните профити. Национализмот и популизмот, исто така, го спречуваат светот навистина да работи заедно за да ги намали емисиите на штетни гасови. Зарем  Чиле не мораше да ја откаже организацијата на годишната конференција за климатски промени на ООН, бидејќи, поради немирите во земјата, не може повеќе да се гарантира безбедна средба со илјадници луѓе?

187 од 193 држави го прифатија договорот

Да, сето тоа е точно, но изненадувачки брзо, во Мадрид беше пронајден градот кој влета како замена за главниот град на Чиле, Сантијаго. И Доналд Трамп уште  пред околу две и пол години најави дека ќе  излезе од Парискиот договор, така што актуелниот чекор повеќе не е  вистинско изненадување. Наспроти тоа, помалку внимание се посветува на фактот дека 187 од 193 земји-членки на ООН сега го прифатија договорот, неодамна и Русија. Исто така, како реакција на Трамповото „не“ за заштитата од климатските промени, Франција и Кина  сакаат сосема целно да усвојат изјава дека целите на Парискиот договор од 2015 година се „неповратни“.

Thurau Jens Kommentarbild App

Јенс Турау, автор на коментарот

Договорот за климата на Париз не е доволен. Дали неговите одредби навистина ќе доведат до ограничување на зголемувањето на температурата на земјата во просек, на два, или уште подобро на 1,5 степени,  не е сигурно. Но, во услови на сѐ похистерична дебата низ целиот свет за  заштитата на климата, тоа е потсетник  дека оваа меѓународна рамка сè уште постои. Напредокот на годишните состаноци за климата често може да биде минимален, па дури и да има и назадувања. Но, тоа не може да биде поинаку во обидот да се помират интересите на речиси сите држави на планетата.

Повеќе:

-Цик-цак курс на Трамп за климата

-Ако Трамп не сака, не мора

-Трамп и климатскиот договор од Париз: блокада или напуштање?

На заштитата на климата не ѝ се помага ако се распламтува дебатата за тоа кој најдобро го прави тоа, или дали климатските промени воопшто постојат. Возбуденоста, најверојатно, ќе биде од полза на десничарските популисти, кои покрај отфрлањето на миграцијата,  тоа Не за климатските промени го форсираат како нивна голема тема.

И во иднина компромиси се неопходни

Доналд Трамп ги презира меѓународните договори - и тоа не само за ефектот на стаклена градина. Младите демонстранти бараат брзи промени. Би било фатално ако позициите на обете страни  би довеле до тоа,  луѓето да сметаат дека напорно постигнатите компромиси повеќе не се соодветни.

Бунтот на младите луѓе против неактивноста на нивните родители е исправен и важен, бидејќи тој го зголемува притисокот врз одговорните, помалку колебливо да се зафатат со работа и конечно да донесат непопуларни решенија. Фронтовските позиции како: Доналд Трамп, негативецот од една страна, Грета Тунберг, климатската активистка од друга страна, не се многу корисни. Останува фактот дека меѓународната заштита на климата е многу комплексна работа, за која во моментов во секој случај има малку алтернативи. Наострен противник на заштитата на климата како Трамп е едноставно ирелевантен за овој процес.

DW.COM

Реклама