Пандемијата ќе одведе 60 милиони луѓе во екстремна сиромаштија | Економија | DW | 19.05.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Пандемијата ќе одведе 60 милиони луѓе во екстремна сиромаштија

Првиот човек на Светската банка предупреди дека кризата со коронавирусот може да предизвика екстремна сиромаштија за 60 милиони луѓе и да ги загрози сиромашните и државите во развој.

Frankreich, Paris: David Malpass hält Rede

Претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас

Глобалната кредитна институција веќе финансира програми за помош во 100 држави во рамки на ветувањето да потроши 160 милијарди долари во следните 15 месеци, изјави претседателот на Банката Дејвид Малпас.
Малпас проценува дека светската економија ќе има пад од 5 проценти годинава, со тешки последици за најсиромашните земји.
„Нашата проценка е дека до 60 милиони луѓе ќе бидат доведени до екстремна сиромаштија, бришејќи го сиот напредок во битката со сиромаштијата направен во последните три години, и нашите проценки најавуваат длабока рецесија“, вели Малпас.
Светската банка досега потроши 5,5 милијарди долари за помош на здравствените системи, економиите и социјалните услуги во сиромашните држави. Но Малпас потенцира дека тие напори не се доволни, и бара од држави-донатори да ја зголемат билатералната помош за сиромашните земји. Според него, клучно е да се врати текот на дознаките и туризмот, кои се клучни извори на приход за земјите во развој.

Досега 14 држави се согласиле да прогласат мораториум на отплатата на долговите од сиромашните земји, уште 23 се очекува тоа да го сторат, а 17 размислуваат на таа тема.

Реклама