1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Итна помош на Светска Банка за борбата против коронавирусот

СН/агенции
4 март 2020

Светската банка планира да обезбеди 12 милијарди американски долари како итна помош за земјите со случаи на коронавирус. Целта е да се помогне „брзо“ и „ефикасно“, рече претседателот на Светска Банка, Дејвид Малпас.

https://p.dw.com/p/3YqyD
Zentrale Weltbank Washington D.C.
Фотографија: imago/Rainer Unkel

Светската банка денеска соопшти, поради новиот коронавирус кој ја предизвикува болеста наречена Ковид-19 и кој се прошири во повеќе од 60 земји, дека става на располагање иницијален пакет од 12 милијарди американски долари како непосредна поддршка за земјите кои имаат проблем со здравствени и економски последици од избивањето на вирусот во светот. Тоа е помош за земјите членки на Светската банка „во преземање на ефикасни акции како одговор на, или таму каде што е можно, да се намалат трагични последици од коронавирусот“, пишува во соопштението.

Низ овој нов пакет на помош по забрзана процедура, Светската банка ќе им помогне на земјите во развој да ги зајакнат здравствените системи, вклучувајќи и подобар пристап до здравствените услуги за да се заштитат луѓето од епидемија, да се зајакне следењето на болеста, да се унапредат интервенции во рамки на јавното здравје, како и да се работи со приватниот сектор на заедничко намалување на влијанието врз економијата. „Работиме на обезбедување брз и ефикасен одговор заснован на потребите на земјите во развој кои се соочени со ширење на вирусот“, изјави претседателот на Групата Светска банка, Дејвид Малпас.

Поддршката од Светската банка ќе започне низ интервенции наменети за зајакнување на здравствените услуги и примарна здравствена заштита, унапредување на следењето и известувањето за болеста, обука за здравствените работници на првата линија, поддршка за ангажирање на зедниците да се одржи довербата во јавноста, и подобар пристап за лечење на најсиромашните пациенти.

Повеќе на темата:

-Пандемија или епидемија? На вирусот тоа му е сеедно!

-Коронавирус- рецепт за нова глобална нестабилност

-Колкава е заканата од коронавирусот во Европа?

„Земјите се соочуваат со различен степен на ризик и на осетливост од коронавирусот, и ќе им биде неопходен и различен вид поддршка. Поддршката од Групата Светска банка ќе им даде приоритет на најсиромашните земји и на оние со висок ризик, а со пониски капацитети“, наведе Светската банка и најави дека, како што се шири новиот коронавирус и неговите последици, ќе ги прилагодува својот пристап и средствата по потреба.

Откажано пролетното заседание

Само неколку часа претходно, Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го откажаа своето редовно годишно пролетно заседание во САД, токму поради новиот вирус. Шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева и шефот на Светска банка Малпас, изјавија дека целта е да се гарантира здравјето и безбедноста на учесниците од земјите членки и на вработените. Заседанието, првично планирано за средината на април во седиштето на организациите во Вашингтон, сега треба да се одржи во „виртуелен формат“. Организациите велат дека дигиталните можности треба да бидат целосно искористени за да се овозможи консултација со земјите членки. На заседанието вообичаено присуствуваат банкари, министри за финансии, високи функционери од целиот свет и претставници на централните банки.

И Меркел не доби рака од министерот Зехофер

Здравјето на луѓето поважно од економските интереси

Епидемијата на коронавирусот драматично ги погодува стопанствата на погодените земји. Така во Германија последно во редот откажувања или одложувања на големи манифестации беше она на Индустрискиот саем во Хановер, еден од најголемите од таков вид во светот. Организаторите денеска соопштија дека саемот кој требаше да се одржи од 20. до 24. април годинава се одложува се одлoжува за периодот од 13. до 17. јули. На саемот е планирано учество на 6000 изложувачи од 70 земји. „Здравјето е највисок приоритет“, образложија организаторите. Во слична насока денеска во владината изјава за епидемијата на коронавирусот пред Бундестагот одеа и забелешките на германскиот министер за здравство Јенс Шпан.  Тој , меѓудругото истакна дека заштитата на луѓето е поважна од економските интереси.

Спремна ли е Германија да спречи епидемија од коронавирус?

„Нашата стратегија е да го забавиме и оневозможиме ширењето на коронавирусот во Германија, поради што ќе откажуваме и одредени јавни настани. Наш став е деха безбедноста на луѓето е поважна од сѐ, па и од економските интереси“, рече Шпан.

Во Германија досега се забележани 244 случаи на коронавирус, 41 од нив во последните 24 часа, така што може да се говори за значително зголемување на инфекциите. Во земјата досега нема смртни случаи меѓу заболените.